Македонија
Митева: МОН ги троши средствата од Светска банка ненаменски и без суштинска потреба плаќа два пати за една работа
Немањето учебници е неуспех на власта која за да го сокрие плаќа над половина милион евра за привремени скрипти кои немаат никаква употребна вредност, обвини на прес-конференција, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Пет години власт на СДС резултираа со низа различни концепции, само по себе скандалозни и неприменливи во образовниот систем на Македонија, милионски суми пари се потрошија на таканаречената дигитализација која е коренот на проблемот за немањето на учебници за оваа учебна година. Проектот на Светска банка кој е вреден 21,5 милиони евра потпишан од МОН во 2020 година има сосема различна цел од онаа за која се користи. Односно, фокусот и средствата треба да се применат за долгорочен развој на македонското образование преку подобрување на училишната инфраструктура, развивање на програми и зајакнување на компетенциите на наставниот кадар. МОН поради некадарност и неспособност, овие пари ги пренаменува за печатење на привремени учебници од 100на страни кои ќе им служат на учениците како основно средство за наука.
Овие пак т.н. скрипти се збир од материјали, кои власта успеала да ги сублимирала од минатогодишните учебници и дел од новите. Учебникот од 100на страни има содржина која е збир од веќе постоечките, минатогодишни учебници. Ова се исти материјали за кои веќе еднаш авторите имаат добиено пари, и ова се материјали со кои годинава истите автори конкурирале за избор на учебник и за тоа повторно ќе им биде платено. Една работа, еден труд платен два пати. Чиста заработка од која резултатот е уништено образование.
Имено, од документот од Светска банка може да се види дека се користени и средства за интерактивни табли за основното образование во вредност од 51.683 долари исто така пари дадени на фирмата ТРИМАКС ДОО Скопје во 2021 година. Воедно, од проектот на Светска банка се определени и средства во вредност од 226.919 долари за дизајн и развој на интерактивни дигитални образовни материјали исто така во 2021 година, исто така на фирмата ТРИМАКС ДОО Скопје. Дополнително, од овој проект се определени и средства во вредност од 15.000 долари за консултантски услуги од две лица нешто што не е претставено во јавноста како основа и цел на проектот финансиран од Светска банка.
МОН ги троши средствата од Светска банка за намена која не е неопходна, суштинска, и која нема долгорочна цел. Ова се пари кои можело, требало и морало да бидат наменети за долгорочен, ефикасен и ефективен развој на образованието, а не за заработки на поединци и за покривање на неспособноста на власта. За ова мора да има одговорност“, изјави Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделците за огромни 40 милиони евра
Од времето на СДСМ кога субвенциите беа 140 милиони евра, Мицкоски ги намали на 100 милиони евра. Ова е огромен удар врз земјоделците, врз нивниот труд, нивните семејства и егзистенција, оценува Александар Димитриевски од СДСМ.
„Пред избори, ВМРО ОКГ на земјоделците им ветуваше 180 милиони евра субвенции.
Наместо да ги зголемат субвенциите, ги излажаа земјоделците. Сега им ги намалија за 80 милиони евра помалку од тие што им ги ветува. Дополнително им ги усложнија условите.
80 милиони евра директно одземени од маката, трудот и егзистенцијата на земјоделците, од луѓето кои произведуваат храна.
Мицкоски ги понижи и ги измами земјоделците“.
Како што додаде, кратење има на сите страни и усложнување на условите, со зголемување на прагот за добивање на субвенции.
„Кај поледелските култури, кај пченицата, кај лозарството и овоштарството, намалени субвенции за тутун, за кокошки.
Ги укинаа сите добри мерки што ги воведе владата на СДСМ. Ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецте останаа без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот им се вреднува.
Оваа влада крати од сите, само за да има за сопствениот луксуз, само да има за криминални тендери.
Нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за повисоки субвенции за земјоделците, ама власта има пари за криминални тендери, нов авион, за луксузирањата на Мицкоски и неговите министри“.
СДСМ, посочи тој, бара итна ревизија на програмата, враќање на средствата и вистинска поддршка за малите и средни земјоделци.
„Земјоделството не смее да биде жртва на криминалните политики на ВМРО-ОКГ“.
Македонија
„Падна една недопирлива, победи јавниот притисок“ – Левица за оставката на антикорупционерка Цвета Ристовска
Од партијата Левица денеска реагираа на оставката на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), оценувајќи ја како директна победа на јавниот притисок, вистината и истрајноста на нивната партија во разобличување на, како што велат, клиентелистичките структури.
„Оставката на Ристовска не е личен чин, туку резултат на разобличување на коруптивните врски што ја компромитираа Комисијата. Тоа е признание дека фактите беа неоспорни и дека јавноста не може повеќе да се лаже,“ се наведува во соопштението од партијата.
Од Левица потсетуваат дека тие јавно ги обелодениле фактите поврзани со, како што велат, непријавени интереси и компании на синовите на Ристовска, кои добивале милионски средства од партиски каси, како и наводното системско прикривање во рамки на ДКСК.
„Сите обиди за релативизирање, за правни акробации и за прикривање зад бирократски флоскули паднаа во вода“, додаваат.
Покрај тоа, од партијата бараат да се ревидираат и одблокираат предметите поврзани со: директорот на АНБ, Бојан Христовски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, компанијата „Сити Аутсорсинг“, во врска со директорот на СОЗР Ивица Томовски и добиените 161 јавна набавка.
„Ова е само почеток. Ќе им дишеме во врат на сите корумпирани структури на ДПМНЕ, без исклучок. Секој функционер кој мисли дека може да ја злоупотребува функцијата или да се штити зад партиски чадор, треба да знае дека следниот предмет може да биде токму негов“, се вели во партиското соопштение.
Од Левица упатуваат повик до сите службеници, институционални вработени и граѓани кои располагаат со информации за корупција и клиентелизам да продолжат да ги доставуваат до партијата.
„Левица ќе ги штити изворите и бескомпромисно ќе ја изнесува вистината во јавноста.“, уверуваат.
Соопштението завршува со зборовите: „Денес падна една ‘недопирлива’. Утре ќе паднат и други. Борбата продолжува.“
Македонија
Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Во писмото, Ристовска наведува дека одлуката ја донела по „неделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со нејзината работа“ во Комисијата. Таа вели дека целата своја професионална кариера, вклучително и работењето во ДКСК, ја извршувала „законито, совесно и со најдобра намера“.
„Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста“, наведува Ристовска во оставката.
Таа потенцира дека во секоја ситуација во која постоела можност за судир на интереси, побарала изземање согласно законот, и отфрла дека имала намера да прикрие информации.
„Напротив, ги почитував законските обврски. Убедена сум дека секој што извршува јавна функција, мора да покаже највисок степен на личен и професионален интегритет“, додава таа.
Претходно, ДКСК отвори два предмети за Ристовска, за проверка на судир на интереси и непријавување имот.
Ова е нов случај на оставка во Антикорупциската комисија за помалку од една година. Во 2025 година, оставка поднесе и тогашната претседателка Татјана Димитровска, откако против неа беше поднесен обвинителен предлог за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, поврзани со случајот „Адитив“.

