Македонија
Митева: Недозволиво е Ковачевски и Османи да молчат за францускиот предлог
„Недозволиво е Димитар Ковачевски и Бујар Османи да молчат за францускиот предлог за решавање на бугарскиот спор со Македонија. И дополнително да велат дека не го виделе, а всушност и самите го договарале. Со таканаречениот француски предлог не се решаваат проблемите на државата. Не се почнуваат преговори, туку се дава услов доколку сакаме да ги почнеме преговорите. Со предлогот се задира и во идентитетот и во јазикот иако навидум се чини дека јазикот е решен, сепак ѝ се остава простор на Бугарија со декларација да го објасни својот поглед на јазикот“, рече, меѓу другото, на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа вели дека „целта на предлогот е сите барања на Бугарија да влезат во рамка на преговори, а нивната имплементација да ги следи посебна комисија. Со тоа проблемот што до вчера бил со Софија, сега Македонија треба да го има со целата ЕУ“.
„Ова е дебакл за македонската дипломатија, нокаут за нацијата. Доколку власта на сила протурка вакво решение, тоа ќе значи дека Македонија или ќе се бугаризира или воопшто никогаш нема да влезе во Унијата. Ова не се европски вредности, ова е чиста асимилација и практикување на правилото на посилниот“, вели Митева.
Таа го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ „дека нема да го поддржи францускиот предлог, кој значи бугаризација за нацијата и оддалечување на Македонија од ЕУ“.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков понижувачки договор на штета на нашите национални интереси. А ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту една точка од овој договор да почитува и да применува“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски очекува од новиот државен јавен обвинител да застане на страната на правдата
Премиерот и претседсател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека од новиот државен јавен обвинител очекува да застане на страната на правдата.
-Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се размавне и да покаже што знае. И еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДС и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен обвинител. Ги охрабрувам сите кои согласно закон исполнуваат услови да се пријават и очекувам да биде избран најдобриот, кој навистина ќе биде дел од овој трослоен систем на гонење на криминалот и корупцијата, истакна Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.
Мицкоски посочи дека граѓаните во минатото биле сведоци на полициски акции проследени во медиуми, со многу спектакуларни упади.
-Во минатото граѓаните беа сведоци на голем број полициски акции проследени во медиуми со многу естрада, галама и спектакуларни упади во домови и трговски објекти, а ние сакавме да бидеме антипод на таквиот начин на дејствување, рече Мицкоски.
Мицкоски на крај потенцираше дека од новиот државен јавен обвинител очекува немилосрдно да застане на страната на правдата.
Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата, бидејќи само така сите кои работеле спротивно на закон ќе бидат санкционирани, имајќи предвид дека борбата против криминалот и корупцијата е тростепен процес кој вклучува истрага, обвинителен акт и судска постапка, при што обвинителот е само врската меѓу истрагата и судскиот процес. Тој треба да го избруси сето тоа и да види дали судиите ќе го прифатат и ќе отпочнат судски процес, бидејќи судиите прават оценка на обвинителниот акт, посочи Мицкоски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Да не се грижите, Владата ја води партија која мисли добро на граѓаните
Почитувана СДС, среќни новогодишни и Божиќни празници. Иако се надевавме дека оваа година ќе го смените наративот, вие пак по старите стапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Уште зборат за мигранти кои не постојат, за задолжувања кои не постојат, за дупки во Буџет кои не постојат.
Но, знаеме дека на нив уште не им јасно дека ние државата не ја водиме како они што ја водеа.
Ако они сакаа да носат мигранти во 2018 година, ние нема да носиме. Ако они го задолжуваа народот и нашите поколенија, ние нема да ги задолжуваме. Ако они го оставија Буџетот со дупки и празен, ние тоа нема да го правиме.
2026 година ќе биде година на враќање на вашите долгови и заеми.
Но, 2026 година ќе биде и година на унапредување на економскиот раст, зголемување на плати и пензии, подигнување на животниот стандард на граѓаните, како и нови работни места, инвестиции и фабрики.
Затоа, СДС нека не се грижи, Владата ја води партија која мисли добро на граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Следува потопло време и локални врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде
променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
-Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе бидат позитивни, информира УХМР.

