Македонија
Митева: Немаме кредибилна влада која може да се справи со предизвиците во 2022-та, затоа се потребни предвремени избори
ТЕЦ Неготино во моментот станува и во разговор меѓу нив за продажба и како што е владеењето на СДСМ во минатото, секогаш е со авантуристички политики кои што секогаш завршуваат со продавање на државните капитали, тоа го гледаме сега и со ТЕЦ Неготино, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Високи цени, ниски плати – Што може да се очекува од 2022“.
Митева нагласи дека 2022та година е година на предизвици за Македонија во однос на справување со енергетската, економската, како и здравствената криза, заклучувајќи дека како ВМРО-ДПМНЕ мора да дадат се од себе за справување со ова, бидејќи како што рече таа Македонија нема кредибилна влада која што може да се справи со сето она кое што допрва не чека.
„ Можеме да заклучиме дека иднината секогаш е неизвесна, но сосема можеме да предвидиме дека 2022та година ќе биде година со сериозни предизвици за Македонија, по однос на енергетската, економската, а и здравствената криза. Но, она кое што навистина е од голема важност и искрено ме плаши е тоа што немаме кредибилна влада која што ќе може да се справи со сето тоа што не чека. Имаме сосема делегитимирана влада, влада без доверба од страна на граѓаните, со навистина кревко парламентарно мнозинство и тоа се предизвици кои што навистина треба да се справи како можеме и да дадеме како опозиција во однос на тоа“, истакна таа.
Митева е децидна дека единствен начин за решавање на предизвиците со кои се соочуваат и граѓаните и државата се предвремените парламентарни избори.
„ Оваа влада на СДСМ/ДУИ е влада која што во моментот по секоја цена сака да ја задржи власта без притоа да размисли како ќе се справи со сите предизвици кои што не чекаат во 2022та година. Начинот на кој што е составена владата е јасен, начинот на кој што се додели мандатот на Ковачевски е повеќе од очигледен, така што ценам дека предвремени парламентарни избори се единственото решение кое што треба да го имаме за доброто на сите граѓани во Република Македонија“ порача Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.
Македонија
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академија за судии и јавни обвинители
Денеска беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел унапредување на меѓуинституционалната соработка, размена на знаења и искуства, како и зајакнување на професионалните капацитети во областа на уставното право и правосудниот систем.
Со Меморандумот се предвидува организирање на заеднички обуки, семинари, конференции и други стручни настани, како и размена на експерти и едукативни материјали. Посебен акцент ќе биде ставен на унапредување на знаењата на идните судии и јавни обвинители во областа на уставно-судската практика и заштитата на човековите права и слободи.
„Откако сум претседател на Уставниот суд ова е трет Меморандум за соработка којшто го потпишуваме со институции на државата. Првиот беше со Правниот факултет, вториот со Здружението на правници. Очекувам најдинамична соработка со Академијата. Уставниот суд изминатите две години се соочи со природен одлив на промена на генерации. Стручната служба е р’бетот на Уставниот суд. Новата стручна служба има потреба од дополнителни знаења за да го достигне квалитетот што овој суд го имаше до пред две години. Токму во оваа насока го гледаме начинот на соработка, да нашите вработени од службата посетуваат предавања за доусовршување на Академијата. Но, идните кандидати за судии или обвинители може да имаат бенефит од знаењето и искуството кое уставните судии може да го пренесат, особено во примената на меѓународните права’, изјави претседателот Костадиновски.
Директорката на Академија за судии и јавни обвинители, Стрезовски, истакна:
„Денешното потпишување на Меморандумот претставува значаен чекор, поврзаноста на институциите подразбира партнерство, пред се’ во функција на владеење на правото. Можност на советниците на Уставниот суд да доаѓаат во Академијата а уставните судии да вршат обуки и предавања. За Академијата ќе претставува унапредување на наставните програми и обуки за примена на највисоките стандарди, изјави директорката Стрезовски.

