Македонија
Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен
Очигледно наместо да зборуваме што е потреба за граѓаните, очигледно дебатата е кој обезбедил, што обезбедил, кој што не направил, кој што направил, се со цел да се одбиваат амандманите, истакна пратеникот на СДСМ Јован Митревски, на амандманската расправа за Буџетот на седницата на комисијата за финансирање и буџет.
Митревски нагласи дека го повлекува амандманот со кој треба да се обезбедат шест милиони денари за санација на дивата депонија кај Мауцхер, Охрид, како и наредниот амандман.
Ве повикувам, како колеги пратеници од опозицијата. Досега ниту еден амандман не е прифатен. Ова не се има случено во историјата на Собранието, рече Митрески, додавајќи дека не може ништо од ова што е напишано да не биде прифатено, како што имаше ситуација, минатата недела на тоа што сами од власта си го пишувле во прграмата, сега ќе излезе дека и амандманите што пишувале како опозиција сега не се прифатливи.
Ве повикувам колеги пратеници размислете, до крајот на амандманската расправа да видиме како може како пратеници избрани од граѓаните да промениме ова што е предлог буџет, затоа што на крајот буџетот на државата го носи собранието, порача пратеникот на СДСМ Јован Митревски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

