Македонија
Митрески: Со месеци ВМРО-ДПМНЕ блокира важни закони во Собранието
Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески, обвини дека со месеци ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата на Собранието. Собраниските седници траат предолго, а носењето закони во интерес на граѓаните чекаат со месеци – заглавени се во комисиите што ги води опозицијата.
Митрески рече тоа не е само континуираната штета на угледот на Собранието, туку и на ефикасноста, а со тоа пратениците од опозицијата предизвикуваат штета и на граѓаните.
„Вчера цел ден граѓаните можеа да видат како пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја одолжуваа собраниската седница. Не дозволуваат парламентарното мнозинство да биде пресликано и во работните тела и комисиите. Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е закочена, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции. Една од нив, секако, е и Уставниот суд, кој со месеци работи во нецелосен состав. Со одолжувањето на оваа седница ВМРО-ДПМНЕ кочи и други важни закони, кои се на дневен ред, меѓу кои и Законот за земјоделството и руралниот развој, кој обезбедува 100 отсто субвенционирана нафта за земјоделците од досегашните 50 отсто. Тоа значи целосно покривање на трошоците за нафта“, рече Митрески.
Покрај ова, како што додаде, со месеци во Собранието се блокирани и други важни закони. Блокиран е Законот за наставниците и стручните соработници во основното и средното образование, кој обезбедува повисоки плати за 27.000 наставници. Законот за служба во Армијата, кој носи подобри услови за пензионирање на војниците, можност на војниците да избираат дали ќе продолжат во јавна служба или ќе добијат надомест до 20.000 евра, исто така е блокиран. Повеќе од една година е блокирана и изградбата на нов клинички центар во Скопје.
Митрески вели дека сето ова ВМРО-ДПМНЕ го прави заради фрустрација од дебаклот при формирањето ново парламентарно мнозинство и од очај за да ги прикрие неспособноста и криминалното однесување на своите градоначалници.
„Како парламентарно мнозинство, нема да се повлечеме пред блокадите на опозицијата, ќе сториме сѐ сите закони важни за граѓаните да бидат донесени и да почне нивната реализација. Мнозинството секогаш ја има можноста, мнозинството има легитимно право дадено од граѓаните, мнозинството за разлика од опозицијата ја носи и одговорноста за донесените одлуки во Собранието. Така е секаде во европските држави, така е и кај нас“, додаде Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

