Македонија
Мицевски: Власта ги кочи редовната работа и активностите во Собранието
Поминаа веќе три месеци откако Собранието почна со работа, а сè уште се соочуваме со негова нефункционалност во повеќе сегменти, обвини денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
„Собранието сè уште нема избрани потпретседатели, кои би биле замена доколку Талат Џафери не е во можност да присуствува на собраниска седница. Исто така, од изборот на потпретседатели зависи и формирањето на буџетскиот совет на Собранието, кој е клучен за финансиското работење на законодавниот дом. Не е формиран ниту националниот совет за европски интеграции, кој е пандан на Комисијата за европски прашања и кој е потребно итно да биде формиран, особено во период кога Македонија чека почеток на преговорите со ЕУ, како и делегација во Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ“, истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицевски посочи дека не се формирани ниту билатералните групи за соработка со 50 парламенти во светот, преку кои пратениците остваруваат комуникација и соработка со амбасадори и парламенти.
„Три месеци веќе нема состав ниту на Делегацијата на Парламентарнито собрание на Советот на Европа, Делегација на Парламентарното собрание на ОБСЕ, не функционира ниту Делегацијата на Парламентарното собрание на НАТО, Делегацијата на Парламентарното собрание на Медитеранот, потоа Делегацијата на парламентарната димензија на централноевропската иницијатива, како и Делегацијата на интерпаламентарната унија и Делегацијата на Парламентарното собрание на парламентарната соработка со Југоисточна Европа. Без овие делегации, билатерални групи и национални совети, Собранието не им го обезбедува правото на пратениците да остваруваат меѓународни контакти и соработки со земјите од Европа и остатокот од парламентите во светот“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека власта ги кочи редовната работа и процесите во законодавниот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

