Македонија
(Видео) Мицевски: Доста спинувате, излезете на избори
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагира на прозивките од СДСМ дека само 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ гласале за интерпелацијата за Никола Димитров и рече дека ова е уште еден нивен спин.
Тој додаде дека немало разидување во ВМРО-ДПМНЕ, туку повеќето од пратениците биле во странство.
„Го повикуваме СДСМ да прифати избори како што бара најголемиот дел од функционерите на СДСМ. Да одиме на избори, доволно беше ретерирање и спинување. Поминаа две години, нека се соочат со граѓаните, да видиме дали ќе ги поддржат нивните политики, кои не ја водат државата никаде“, изјави Мицевски на денешната прес-конференција.
СДСМ бара избори да не ги добие, тие сами побараа да поднесеме иницијатива за распуштање на Собранието и ние ја поднесовме, вели Мицевски, и додава дека не се знае кога ќе се најде на дневен ред.
Мицевски посочува дека ништо не може да ги зачуди во Собранието бидејќи, како што изјави, „тие си толкуваат и Деловник и процедури како сакаат“.
Мицевски додаде дека по одржаните средби со европски дипломати, имале заеднички забелешки оти доцнат реформите и дека ништо не е направено на економски план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

