Македонија
(Видео) Мицевски: Има простор за дебата, да се подобри нашиот предлог за амнестија
Дали целта е вистинско помирување или порамнување, запраша координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на прес-конференција, истакнувајќи дека од неговата партија очекувале негативно мислење од Владата по однос на предлог-законот за аменстија на сите осомничени, обвинети и осудени за 27 април, зашто како што рече, сè е претходно смислено сценарио.
Мицевски рече дека има можност за дебата да се подобри нивното законско решение преку амандмани.
„Ние не поддржуваме насилство, тоа е немил настан, но она што го нуди телото за помирување е селективност во правдата. Сепак, ако се донесат одлуки за неселективна правда, ние можеби ќе ги почитуваме“, истакна координаторот.
Мицевски додаде дека од неговата партија ќе чекаат да видат што конечно ќе понуди телото, дали ќе се чека да завршат уставните измени или може и порано да почне процесот со цел да се заврши, како што рече, агонијата на лицата обвинети за 27 април.
Вчера, Владата даде негативно мислење на предлог-законот за аменстија на сите осомничени, обвинети и осудени за 27 април, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. За овој предлог закон ќе се расправа на седницата в понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

