Македонија
(Видео) Мицевски: Очекувам законот за амнестија да биде прифатен од мнозинството пратеници
Ќе настапуваме како една пратеничка група, постоењето на повеќе групи не наиде на она што очекувавме, наидовме на непочитување на деловникот и недавање можност да се искаже сето она што требаше, рече новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Тој додаде дека од поодамна било планирано прегрупирање од десет во една група, а официјално утре ќе го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„Остануваме на ставот дека ќе настапуваме во Собранието како и досега, против целата штетна политика на СДСМ“, рече Мицевски на прашање дали ќе оди на координација кај собранискиот спикер.
За законот за амнестија очекува да биде прифатен од мнозинството. „Ќе имаме повторно координација во партијата, она што беше понудено како помирување не е прифатливо бидејќи е селективно“, рече тој.
Мицевски не одговори дали ќе соработува со новата пратеничка група што е независна од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, тој денеска ја презеде функцијата од Драган Данев, кој рече дека оставката ја поднел од лични причини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

