Македонија
Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собрание и ќе обезбедат кворум за гласање на 5. пакет на мерки
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференција го обвини владеачкото мнозинство дека работи на штета на граѓаните и економијата во време на пандемија. Тој рече дека 5. пакет мерки трпи заради тврдоглавоста на власта.
„ 5. пакет на мерки ќе беше изгласан уште во четвртокот доколку не беше инаетот на власта, а сега компаниите ќе ги имаа парите. Џафери и Заев намерно ги кочеа мерките“ изјави Мицевски.
Тој нагласи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се во Собранието и дека ќе обезбедат кворум за 36. седница за гласање на 5. пакет на мерки, за помош кон стопанството.
„ Стопанствениците два месеци чекаат помош од власта, која работи на нивна штета. Петтиот пакет на мерки помина на влада на 16 февруари, во собрание беше на 19 февруари. Од тогаш до денес поминаа 2 месеци. Заев имаше кворум кога сам си бараше доверба за владата и можеше да ги изгласа мерките, тој тоа не го направи. Не го направи затоа што тој е кочничар, и сака да создава атмосфера дека некој друг кочи. Го повикуваме Талат Џафери денес да ја отпочне 36 седница, за таа веднаш да биде изгласана и парите да стигнат кај граѓаните“ додаде тој.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително го повикуваат Џафери, да организира таканаречени КОВИД седници на кои ќе бидат само на дневен ред точките и законските решенија потребни за справување со пандемијата.
„ Врзување на нужноста за справување со пандемијата со закони кои само Заев знае зошто ги турка е безобразие и мора да престане. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да биде злоупотребена и да обезбедува кворум за закони кои што не се во интерес на граѓаните туку единствено би служеле на криминалните афери на СДСМ и ДУИ и токму затоа кажавме неколку пати дека поддршка ќе дадеме само на законите поврзани со јавното здравје“ порача Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.

