Македонија
Мицевски: СДС го зголеми ДДВ-то 5 отсто на основните прехранбени производи додека беше на власт, а сега бара да се намали
Денес на пленарната седница во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски наведе дека бесмислено е барањето од опозицијата да се намали данокот за додадена вредност (ДДВ), а притоа тотално да забораваат дека тие истите го зголемиле данокот додека биле на власт со тоа што нивните предлози не кореспондираат со реалноста.
„По однос на вториот закон односно законот за данокот на додадена вредност за кој што, исто така, од 120 пратеници доби поддршка од девет пратеници, што значи ја нема поддршката и од другите опозициони партии. И морам да констатирам дека граѓаните во државата не се со кратко памтење, имено владата на СДС и ДУИ бараат намалување на данокот на додадена вредност на основните прехранбени призводи од 5 на 0%, заборавајќи, или сакајќи да заборават, и тие и граѓаните дека го зголемија данокот додека беа на власт за 5% на овие прехранбени производи, убедувајќи не дека не треба да јадеме чипс затоа што не е добар за здравјето“, рече Мицевски.
Тој исто така истакна дека пратениците од опозицијата имаат несериозен однос кон граѓаните со нивната намера да ги убедат во тоа што го кажуваат, притоа заборавајќи дека се памети се што се случувало додека биле на власт и дека во целост се знае која е нивната намера, па додаде дека законите кои што ги предлагаат немаат поддршка затоа што се популистички.
„Затоа колеги и пратеници немајќи конзистентност во политиката, пратеничките групи на владејачкото мнозинство не ви даваат поддршка, затоа што законите кои што ги предлагате се популистички а поддршката од девет, односно 13 пратеници вкупно на овие закони ја покажува и самата интенција на вас, а тоа е додворување на гласачите кои што ве казнија пред само неколку месеци“, вели Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

