Македонија
Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски
Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата во нова политичка криза. Тие потенцираат дека доколку дојде до вакво одложување, тогаш тие не се сигурни дека во иднина ќе соработуваат со Пендаровски. Лидерот Христијан Мицкоски тврди дека друга алтернатива, освен избори на 12 април нема да има.
„Пендаровски продолжува да се однесува како гласноговорник на СДСМ и Зоран Заев, се обидува да изнајде одредено алиби за катастрофата да не се случи во април туку во друг период. Од друга страна, му остава простор на СДСМ за маневри, односно за тие со збунувачки изјави поврзани со Законот за јазици, да ги става на преговарачка маса со коалиционите партнери при евентуално одложување на предвремените парламентарни избори“, рече Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Пендаровски е свесен за последиците ако договрените избори на 12-април не се одржат.
„Доколку Пендаровски не е сигурен за тоа што е договорено во негова организација, а тоа се предвремени парламентарни избори на 12 април, тогаш ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата навистина ќе ги преразгледа односите кои ги има со Пендаровски и во такви околности, ние сме сигурни дека соработката на Коалицијата за подобра Македонија и претседателот ќе функционира како до сега. Јас сум убеден дека тие се свесни за последниците ако го напуштат договореното, свесни се за политичката криза во која ќе ја втурнат Македонија“, додаде Мицкоски.
Реакцијата на опозицијата следува откако Пендаровски во изјава кажа дека не е убеден дека изборите ќе се одржат на 12 април, бидејќи тоа не зависело од него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

