Македонија
Мицкоски: Ако се случеше упад во контролата за летање во Вашингтон или Берлин, бандитите ќе беа уапсени или ликвидирани
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментираше упадот и физичкиот напад во Македонската навигација.
Одговарајќи на новинарски прашања по божиќната литургија во соборниот храм, Мицкоски рече дека ако тоа се случело на аеродромите во Вашингтон, Париз или Берлин, бандидите ќе биле веднаш упасени или ликвидирани.
Мицкоски почетокот на годината го оцени како скандалозен, коментирајќи дека секојдневните скандали кулминирале со упадот просториите на М-НАВ.
„Партиското обвинителство и судството помина низ тоа како небаре да се работи за некој којшто зел 10 ќебапчиња. Жалсно и трагично. Потребна ни е промена“, рече Мицкоски.
Со сличен коментар за случувањата излезе вчера и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој меѓудругото рече: „Што ќе се случеше со насилниците доколку влетаа во контролата на летање на аеродромот во Њујорк? Или во Париз, Истанбул, Атина па дури и во Белград? Јас мислам дека таму немаше да влетаат. Ќе беа “решени” при обидот за влетување“, смета Ангелов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен поранешен раководител на УЈП во акција поврзана со дискотеката „Пулс“
Во полициска акција приведен е поранешен раководител на подружница на УЈП, а опфатени се повеќе службеници и вработени, во рамки на истрага за дискотеката „Пулс“.
Од МВР најавија повеќе детали за подоцна.
„Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена“, соопшти МВР.
Македонија
Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски, прашуваат од СДСМ
Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи“ поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од СДСМ.
Прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски.
„Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски и Сиљановска се само формални извршители на неговите директиви.
Се повеќе станува јасно дека владата станува заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува“.
Македонија
До недела дожд, на повисоките планини и снег, најавуваат метеоролозите
До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат.
Во Скопје, до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи.

