Македонија
(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“
По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција одржа лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.
Тој во обраќањето порача дека од владејачкиот СДСМ се свесни дека народот веќе не ги поддржува, па поради тоа, подмнолно внесуваат страв во општеството со, како што кажа, нова тура политички прогон.
„Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасен. Апси врз основа на изјави од сомнителни лица со години по настанот за кој ги обвинуваат“, рече Мицкоски во врска со денешните приведувања за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
Како што рече Мицкоски, од власта знаат дека паѓаат и затоа сакат да ги исплашат граѓаните.
„Сакаат да се зборува за апсења и прогони за да не излезат на виделина суштинските работи и проблеми“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Апси, можеш да нарачуваш убиства, но едно да знаеш, нема да ти се исплашиме“, рече Мицкоски во порака до премиерот Заев порачувајќи: „Готов си и за тебе крајот ќе биде жесток“.
Мицкоски на прес-конференцијата истакна дека една од најважните работи за неговата патија во наредниот период е да му нанесе пораз на СДСМ на претседателските избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре
Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија.
„По Декретот и забраната на слободата на говорот, сега сакаат да апсат. Се обидуваат да ја запрат борбата на СДСМ против криминалот и корупцијата на ВМРО и ЗНАМ, да ја замолчат опозицијата. Прва фаза, обвини ја СДСМ и нападни ја од надвор со лажни вести и од внатре. Втора фаза, забрана на говор. Трета фаза: репресија и политички прогон. Copy-paste сценарио по рецепт на СНС“, велат од СДСМ.
Споредпартијата, целта е јасна – заштита на криминалците во власта од кривична одговорност за скандалите со тендери кои секојдневно ги објавува СДСМ.
„Како што беа 161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други. Затоа: Власта ги заби канџите и презеде целосна контрола врз судството и обвинителството. Се води акција за медиумски напад врз СДСМ, постојано и секојдневно се бомбардира јавноста со лажни вести од кујните на ВМРО. Има координирана операција за уривање на СДСМ од внатре, преку поединци како Деспотовски и синхронизирани текстови на Героски за јавно напаѓање на партијата. И затоа се исплаќаат рати кон ЗНАМ за предавничка Резолуција преку тендери. Сега на сите им е јасно. Политичкиот прогон, репресијата и нарачаните судски пресуди се последни подготовки пред изборите наредната година и носењето мигранти. СДСМ нема запре, борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ продолжува. Сите ќе одговарате. Работата не е завршена“, се наведува во соопштението.
Македонија
Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево, -6 Виница, Куманово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, -4 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Охрид, -3 Струмица, Велес, Кавадарци, Претор, -2 Демир Капија, 0 Гевгелија.
Денеска ќ биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува засилен до силен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени.
Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
фото/депозитфотос
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.

