Контакт

Македонија

Мицкоски бара Заев да го повлече предлогот за намалување на платите

Објавено пред

На стопанството му е потребна вистинска финансиска инјекција и здрави чекори кои ќе доведат до поддршка што ќе гарантира опстојување на компаниите и заштита на стандардот на граѓаните. Со економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ и стратешките соработници ги анализиравме мерките што ги предложи СДСМ и Зоран Заев, и можам да кажам дека сме вистински загрижени дека и нема вистински план, а државата и стандардот на граѓаните е пред нова опасност за колапс, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Според него, „дополнително загрижувачки е што народниот буџет, значи располагањето на народните пари се крои во партиски штаб и се одлучува за нашите, вашите пари, а потоа и се наложува на Владата што да прави. Без притоа да се слушнат аргументите на економскиот тим, експертите, професорите, искусните економисти кои се ставени во функција да бидат декор на уште еден пиар-настап на Зоран Заев“.

„Голем дел од мерките се задоцнети, недоволни и нема да бидат тоа што му треба на стопанството. Три години нè убедуваа дека блескаме, три години нè убедуваат дека буџетот е во добра кондиција, а касата за која велеа дека е полна не издржа ниту три недели.
Се случува крах на системот затоа што е на стаклени нозе, а економските политики доживуваат неуспех. Се потврдува она што го говорев, дека системот е гнил, а тоа не може да се замачка со прес-конференции и гол пиар. Преку оваа криза имаме соочување со грдата реалност. Поминавме турбулентни 29 години на предизвици, кризи, најболната приватизација и транзиција на Балканот, воен конфликт во 2001 година, светска економска и европска должничка криза, но никогаш не се посегна по она што СДСМ и Зоран Заев сега го прави, а тоа е платите на работниците. Ова значи дека никогаш и не било полошо во овие 29 години.

Ќе бидам отворен како и секогаш, Заев со овој план се обидува неспособноста на Владата да ја плати со трудот на работниците на кои ќе им крати драстично плата. Одеднаш недостижните 500 евра просек плата се сведоа на 230 евра. И кога би било во други околности ова сигурно би се нарекло грабеж. Мерката за драстично кратење на платите претставува сериозен, повторувам сериозен удар за стандардот на вработените. И ова кратење требаше првенствено да почне од министрите, заменик-министрите, директорите, градоначалниците, именуваните функционери, а не во ист кош да се ставаат кога треба да има кратење на платите функционерите и работниците. Вработените во администрацијата ги немаат привилегиите на функционерите на власта, ама сега со предлогот на Заев ќе ја имаат истата плата од 14.500 денари. Голем дел од овие луѓе имаат кредити и не може да зависат од милоста на банките и несериозноста на Заев. Ништо не сме постигнале ако се скратат нивните плати, а се надеваме банките да ги замрзнат ратите. Практично се руши нивниот стандард и нема да излеземе од криза ако ги казниме работниците“, вели Мицкоски.

Според него, се работи за мерка што е и економски неоправдана. Со вакво драстично кратење на платите на работниците се прави шок и ќе се намали потрошувачката во економијата, и тоа по принципот на домино-ефект ќе се одрази во сите други гранки. Значи ќе се влијае негативно и во здравото ткиво во економијата. Потребни се нови пари да се вбризгуваат во економијата за да се задржи потрошувачката, бидејќи само тоа ќе ги одржи компаниите. На крајот, зошто се задолжува државата од над половина милијарда евра ако стопанството и ако државата ги кратат платите на работниците?

„Бараме Заев итно да се повлече од предлогот за кратење на платите на работниците во администрацијата, и да не удира по стандардот на граѓаните. Така нема да се реши кризата, туку ќе се продлабочи. Воедно ќе посочам дека и останатите мерки на Заев наменети за бизнисот се аматерски и недоволно добро обмислени и нема да го дадат посакуваниот ефект. Тоа е далеку од вистинските потреби на стопанството. Затоа, десет дена апелираме и молиме до Владата, без маневри и политички гимнастики да излезе и да ги прифати следните мерки за поддршка на бизнисот: Државата да покрие до 50% од бруто-трошоците за вработените, по основ на нето-плати и придонеси, а не само нето-плати како што предлага СДСМ. Впрочем, и таа помош за половина нето-плата која ја предлагаат и не е половина бидејќи таа е ограничена на 14.500 денари.

Бараме целосно да се замрзнат плаќањата на рати по основ на отплата на главнина и камати на граѓаните и бизнисот кон банките и заемодавателите. Бараме веднаш Владата да се откаже од непродуктивните трошоци од буџетот и безусловна интензивна реализација на капиталните инвестиции. Робусна и стопроцентна реализација на капиталните инвестиции. Бараме владата да го покрие транспортниот сектор со укинување на плаќањето на патарина и царински давачки покрај тоа што се огромни трошоците на транспортните компании, а приходот е речиси еднаков на нула, патарините претставуваат сериозно место каде што може да настане ширење на оваа пандемија.Бараме одлука за укинување на сите давачки, царински и даночни, за набавка на здравствени маски, препарати и уреди потребни за справување со коронавирусот.
Ја поддржуваме одлуката на Владата аконтацијата на данокот на добивка за месеците април, мај и јуни да биде одложена, но истото ова треба да се примени и за ДДВ за месец март, кој се плаќа до крајот на месец април за дејностите погодени од кризата“, додаде Мицкоски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Објавено пред

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.

Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

dobivaj vesti na viber

Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.

Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.

Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.

За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.

Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.

Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.

Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево

Објавено пред

Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија11 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија11 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија13 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија13 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ13 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија13 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија15 часа

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија15 часа

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија15 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија16 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет17 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет17 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет17 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа17 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...

Европа18 часа

Британија сака да ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години

Велика Британија би можела да воведе забрана за социјални медиуми за деца под 16 години уште оваа година, следејќи го...

Европа18 часа

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија; Кремљ: Главното прашање е територијата

Претставници на Украина и Русија ќе се сретнат во Женева денес и утре на нова рунда мировни преговори со посредство...

Свет19 часа

(Видео) Пукање на хокеарски натпревар за млади во САД: има мртви и ранети

Во пукање на младински хокеарски натпревар во Потакет, во американската држава Род Ајленд, синоќа беа убиени две лица, а тројца...

Топ1 ден

40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски

Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата...