Македонија
Мицкоски: Ветуваа до 15 април да стигнат над 300.000 вакцини, не само што не стигнаа туку не биле ни нарачани

Со имунизацијата се случува фијаско. Власта нема ниту план ниту визија како да набави вакцини и да почне имунизацијата онака како што треба, односно онака како што веќе се реализира во соседните држави, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Се лажеше дека ќе стигнат вакцини во јануари, па во февруари и гледаме како лагите се исти и понатаму, само месеците се менуваат“, рече Мицкоски од денешната посета во општина Петровец.
Тој додаде дека, наместо да обезбедат вакцини, тие пресметуваа провизии и крадеа народни пари.
„Ветуваа дека до 15 април ќе стигнат над 300.000 вакцини за потоа да се увериме дека не само што не пристигнаа туку не биле ни нарачани. Единствените вакцини што се во Македонија се подарок и донација од неколку држави“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека од овие луѓе не очекува да помогнат во имунизацијата и да обезбедат вакцини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.