Македонија
Мицкоски: Владата врши редовна исплата на субвенциите и враќа наследени заостанати долгови од претходната влада на СДСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски при посета на ООУ „Крсте Мисирков“-Скопје, Општина Гази Баба одговарајќи на новинарско прашање за тоа каква е состојбата во земјоделието дали е катастрофална како што посочуваат од опозициската СДСМ и млекарите се пред банкрот, изјави дека и покрај наследените, заостанати субвенции, сега има редовна исплата на тековните субвенциите и враќање на стари долгови.
„Во земјоделието наследивме исклучително тешка слика и големи долгови. Покрај редовната исплата на субвенциите имаме досега околу, близу или нешто над една милијарда денари стари долгови, вратени. Очекуваме во следниот буџет уште една, и веќе во 2026 година да се изедначиме со тековната исплата на субвенциите“, изјави премиерот.
Премиерот подвлече дека пораките коишто доаѓаат од опозициската СДСМ се од незнаење, а тој е шокиран од истите.
„Јас навистина повторно ќе кажам, шокиран сум од овие пораки коишто се темелат на незнаење, коишто доаѓаат од СДСМ, но повторно ќе кажам, тие одбрале таква политика да водат, на нив е. Нашата политика е оваа којашто е портретирана со дела, со проекти, со реформи, со развој“, истакна премиерот Мицкоски.
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство, затоа носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај земјоделците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извршителите ќе имаат увид во пензиите, Правда потпиша меморандум за соработка со Комората на извршители и Фондот за пензиско

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
Од Министерството за правда велат дека целта на меморандумот Целта на Меморандумот е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што се овозможува поголема правна сигурност за граѓаните, заштита на личните податоци, почитување на етичките стандарди, грижа за најранливите категории, особено пензионери со минимална пензија, јасни и транспарентни процедури и поефикасно спроведување на извршувањата.
„Со овој чекор се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување од страна на сите засегнати страни“, велат од Министерството за правда.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат градат правосуден систем врз принципите на доверба, отчетност и транспарентност, со посебна грижа за најранливите граѓани.
Македонија
Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот.
Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Македонија
Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани
