Македонија
Мицкоски: Владата ќе ги лимитира цените на производите за да го олесни трошокот на родителите за успешен почеток на учебната година
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата има план да помогне во однос на трошоците за почеток на учебната година, истакна дека на Владата подготвува план за лимитирање на цените на производите што се неопходни за успешен и порелаксиран почеток на учебната година.
„Правиме анализа на сите тие трошоци и мислам дека во текот на денот ќе биде готова и веќе на утрешната редовна седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите што се неопходни за успешен и порелаксиран почеток на учебната година, пред сè, за родителите, односно лимитирање на цените на производите кои се најпотребни за да имаме успешен почеток на учебната година, но и периодот по летото да можеме да го поминеме“, изјави премиерот.
Тој истакна дека се надева оти во текот на денешниот ден таа анализа ќе биде готова и предлог-мерката ќе биде усвоена на утрешната владина седница.
„Се надевам дека во текот на денешниот ден таа анализа ќе биде готова и ќе излеземе со предлог-мерка на утрешната владина седница, а веднаш по завршувањето и по позитивното усвојување на таа владина мерка, ќе имаме и прес-конференција и обраќање во јавноста, каде што ќе може да ги соопштиме сите овие податоци“, додаде Мицкоски.
Премиерот Мицкоски истакна дека Владата се подготвува да го олесни трошокот на родителите за успешен почеток на учебната година со лимитирање на цените на производите кои се најпотребни за успешен почеток на учебната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)
Македонија
Без вода делови од Карпош
Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.12.2025 година ( Петок ) поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул Ванчо Мицков бр.39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков, од 09:00, до завршување на работните обврски.(општина Карпош)“, соопшти РЦУК.

