Македонија
Мицкоски: Владејачкото мнозинство да се охрабри и да го поддржи законот со кој ќе се стави крај на хаосот со пасошите
При денешната посета на општина Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кое е решението за пасошите со кое ќе се елиминира гужвата по шалтерите истакна дека решението е понудено во рамки на парламентот каде што е доставен законот и го повика владејачкото мнозинство да го поддржат законот како што го подржале законот за игри на среќа со европско знаме така да го подржат и овој закон од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и да стават крај на голготата на македонските граѓани.
„Решението ние го понудивме во рамки на парламентот законот е доставен треба само да се охрабрат овие од владејачкото мнозинство и да го гласаат. Многу едноставно, еве гледате како што тоа така го направија со европското знаме за законот за игри на среќа кога се прави обид да се легализира онлајн обложувањето и друг тип на користење на игри на среќа преку мобилен телефон, така можат брзо и експресно да го поддржат законот кој што ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го имаат предложено во парламентот. Така што јас ги охрабрувам и ги повикувам да ставиме заедно крај на оваа голгота која што се случува како резултат на нивните погрешни политики. Шест и пол години ја пљачкосуваат и уништуваат Македонија барем на крај можат едно нешто да направат добро за овој народ и за државата а тоа е да го поддржат законот, да нема голгота за македонските граѓани. Ќе повторам, исто како што го поддржаа законот на ДУИ, Груби, и Ахмети а тоа е законот за игри на среќа со европско знаме“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

