Македонија
Мицкоски: Власта со двојазичноста на полициските униформи сака да направи дефокус од криминалот и неуспесите
Политичка тема која служи за деофкус од криминалот и пљачката која ја спроведува власта во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за двојазичноста на амблемите на полициските униформи.
Мицкоски истакна дека ова освен што е дефокус, на никој начин нема да го подобри стандардот на граѓаните на Македонија.
„Нема да го намали бројот на автобуси кои ја напушттаат Македонија со млади луѓе од Тетово Дебар, Гостивар, Струмица, Виница, Битола и тоа е уште еден обид преку поделба на народот да се сокрие пљачката која ја спроведува власта преводена од СДСМ и ДУИ“, потенцира Мицкоски.
Тој нагласи дека е вчудоневиден со каква леснотија овие политичари во владата го навредуваат и потценуваат народот мислејќи дека на тој начин ќе направат нешто со кое ќе ги покријат овие неуспеси.
„Но јас не мислам така, мислам дека граѓаните гласно ќе зборуваат на следните предвремени парламентарни избори“, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

