Македонија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите за осудените од 27 април
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета во Штип во одговор на новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи протестите за осудените од 27 април изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е организатор, но ги поддржува протестите што во крајна цел имаат правда.
„ВМРО-ДПМНЕ има прецизен став во врска со тоа прашање, станува збор за луѓе што се неправедно осудени и квалификувани како терористи, тоа е срам за судскиот систем што дозволува, еве, до ден-денеска, сѐ уште тие луѓе да не може да користат вонреден правен лек, односно да може да ја обжалат пресудата на второстепениот апелациски суд и до врховниот и до ЕСЧП, односно Евроспскиот суд за човекови права, ние јасно и гласно кажавме дека тие можеби го прекршиле законот, т.е. некои од нив и признаа пред судот и цитирав јас дел од тие што велеа ‘да’, ние признаваме дека го прекршивме законот, но ние сме подготвени да одговараме за тоа што сме го прекршиле законот, но не сме терористи да одговараме за тероризам. Така што, апсолутно, одговорот е – да, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува, не е организатор, но ќе ги поддржува протестите што во крајна цел имаат правда, односно секој да има можност да ја докаже својата невиност за тоа што е осуден, нормално доколку постојат докази за некое друго сторено кривично дело или прекршување на законите, тогаш оставаме на судските власти да судат и да пресудуваат понатаму. Но, она што го направи тогашниот, би рекол колуквијалец, кој потоа стана уставен судија Кацарска, е сѐ, само не е правда и не е правдина и ние се бориме против таквите судии, кои под политички притисоци, политички се фаворизирани во судството. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина да го практикува“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

