Македонија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ останува против уставните измени
ВМРО-ДПМНЕ останува против уставните измени и ќе ја следи волјата на граѓаните, рекол претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средба со претседателот на комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и потпретседател на Европската народна Партија, Дejвид Мекалистер.
Како што соопштија од партијата, тие разговарале и за актуелната политичка состојба, процесите врзани со стратешките цели на Република Македонија – членството во Европската Унија и НАТО.
„Мицкоски објасни дека Република Македонија се соочува со деликатна политичка состојба и со еден период на црно владеење, каде што доминираат неправдите и политичкиот прогон. Воедно, посочи дека се случуваат скандали на дневно ниво, каде што до израз доаѓа неподготвеноста на Владата за реформи и менаџирање на политичките процеси. Мицкоски истакна дека таквата непосветеност на власта државата ја турка кон економско и политичко фијаско слабеејќи им го стандардот на граѓаните. Тој на средбата истакна дека врвен интерес за ВМРО-ДПМНЕ е напредокот на европските интеграции, но и дека Владата има недоволен учинок на тој план, што е резултат на нејзината неспособност. Во таа насока ВМРО-ДПМНЕ е подготвена квалитативно да ги помогне реформските процеси што би гарантирале напредок, но пред сè тоа зависи од волјата и способноста на Владата да биде носител на тие процеси“, соопштија од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

