Македонија
Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум
„Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се почне нешто ново, особено кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња, кои овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот“, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска од Охрид.

„Заедно со градоначалникот, заедно со Општината, со надлежните во Владата, заедно со пратениците од овој регион, заедно со охриѓани го почнуваме овој проект, кој многу значи.
Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од почетокот на оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, самиот кажа дел од проектите кои се веќе во процес. Инаку вредноста на овој проект е некаде околу 30 милиони денари, плус булеварот кој подоцна ќе го посетиме над 40 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште итн. Заедно со училиштето кое што се работи, еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година. Подготвени се од општината проекти за следната година, така што тоа што со децении не било работено овде во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега. И навистина сум горд што можам како претседател на Владата да бидам дел од сите овие почетоци, а се надевам дека наскоро од сега ќе бидам дел и од завршувањето и пуштањето во употреба бидејќи на крајот од денот тоа е и важно.
Не ни останува ништо друго, освен она што го ветивме пред граѓаните тоа и да го исполнуваме. Ќе продолжиме и понатаму. Поминаа три недели како е избрана новата Влада, работиме навистина многу, даваме сè од себе, состојбата што ја наследивме да не биде како изговор е алармантна, е многу лоша. Но, не треба да се жалиме, тоа е што е, проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и проблемите треба да се решаваат.
Подготвени сме, мотивиран е целиот владин тим, така што продолжуваме и понатаму да ги решаваме проблемите и да работиме на нови проекти, како што е овој овде во Охрид. Му благодарам на градоначалникот што посветено работи, благодарам на општинската администрација, благодарам и до советниците, многу ни значи поддршката. Наше е да продолжиме да испорачуваме заедно со нив“, изјави Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

