Македонија
Мицкоски го прозва Пендаровски: Да се охрабри и да не ги потпише законските решенија за коридорите 8 и 10 д
Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува скандалозните законски решенија за коридорите 8 и 10 д, кои влегоа во собраниска процедура. Коментирајќи ги вчерашните изјави во медиумите на претседателот Пендаровски дека во дел од предложените измени на осумте закони, кои успеал да ги види, имало спорни одредби, Мицкоски го повика да се охрабри и да каже дека нема да ги потпише.
„Го имаме претседателот, кој во улога на аналитичар се служи со народни мудрости наместо да каже што ќе преземе. Еве, јас го повикувам да не се крие зад Собранието, да излезе, да се охрабри и тие законски решенија што ќе дојдат кај него да не ги потпише. Тој го има тоа како можност. Да не го суспендираме правниот поредок во државата, да не го суспендираме Уставот, туку едноставно барем еднаш во овие пет години како претседател да одработи во интерес на граѓаните и на државата“, рече Мицкоски, кој денес заедно со градоначалникот на Аеродром го означи почетокот на изградбата на новиот парк „Радост“ во Реонски центар Аеродром.
Лидерот Мицкоски и денес повтори дека Пендаровски е најпосакуваниот противкандидат на опозицијата за претстојните парламентарни избори оти сигурно ќе доживее дебакл. Побара од него достоинствено да ги одработи неколкуте месеци што му остануваат на функцијата и да не се обидува да ја амнестира Владата на ДУИ и СДСМ од потенцијалниот криминал за изградбата на коридорите 8 и 10 д. Најави дека владата на ВМРО-ДПМНЕ до детаљ ќе навлезе во сè што е преземено за изградбата на коридорите.
„Сакам да ги предупредам дека свесно ја ставаат државата во подредена положба. Тоа е кривично дело и не знам колку сериозно ме сфаќаат, но за ова кривично дело од првиот до последниот ќе одговараат. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера во детаљ да навлезе во ова што тие го презедоа како обврска и свесно ја ставаат државата во подредена улога, а со тоа ги уништуваат народните ресурси. За ова ќе одговараат“, рече Мицкоски.
Најави дека во следните денови ВМРО-ДПМНЕ на јавноста аргументирано со докази ќе ѝ претстават и други спорни моменти, кои Уставниот суд ги поништил во 2010 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во израелски напади во Газа убиени 17 лица, меѓу нив шест деца
Во израелски напади на северот и југот на Појасот Газа убиени се најмалку 17 Палестинци, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните болници, пренесе Би-Би-Си.
Израелската војска наведува дека нападите уследиле откако, според нив, „терористи отвориле оган и тешко раниле еден војник“ на северот на Појасот Газа, во близина на таканаречената Жолта линија, која според договорот за прекин на огнот со Хамас означува територија под контрола на Израел. Како одговор, биле изведени прецизни удари од копнени и воздушни сили, поради, како што наведуваат, „очигледно кршење“ на примирјето.
Болницата Ал-Шифа во Газа соопшти дека примила тела на 13 лица, меѓу кои пет деца, по напади врз шатори и домови во источните квартови Зеитун и Туфа. Во болницата Насер во Хан Јунис биле донесени тела на уште четири жртви, меѓу кои и едно дете.
Од стапувањето во сила на примирјето на 10 октомври, Израел и Хамас речиси секојдневно меѓусебно се обвинуваат за негово кршење. Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, наведува дека од тогаш во израелска ватра загинале најмалку 529 луѓе, додека Израел соопштува дека во палестински напади загинале четворица нивни војници.
Македонија
СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев
Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.
Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“.
Македонија
Мицкоски: Очекувам раководството на ССМ да излезе од партиската прегратка и да се договори со Владата во интерес на административците
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека очекува неколкумина од раководството на Сојузот на синдикати да излезат од, како што рече, партиската прегратка и да постигнат договор со Владата во интерес на работниците, односно на административните службеници.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната средба со УПОЗ и очекувањата, Мицкоски нагласи дека дел од вработените во јавната администрација сè уште немаат договорен Колективен договор со Владата.
„Очекувам да излезат од партиската прегратка тие неколкумина во раководството на Сојузот на синдикати и да се договорат со Владата во интерес на работниците, односно во интерес на административните службеници, бидејќи уште тие, како што многу пати кажав во минатото, уште тие 7.700–7.800 наши колеги немаат со Владата договорен Колективен договор, сите останати имаат“, изјави премиерот.
Тој додаде дека со ваквиот договор Владата, како работодавач, ќе ги заокружи односите со сите вработени до истекот на мандатот.
„Со ова, Владата како работодавач ги заокружува односите до истекот на мандатот на оваа Влада, до 2028 година, со сите оние на чии работодавач директен или индиректен е Владата“, рече Мицкоски.

