Македонија
(Видео) Мицкоски: Град Скопје да ги надмине недоразбирањата, скопјани ја плаќаат услугата
Надлежните во институциите на градот Скопје да ги надминат недоразбирањата и да пружат услуга која скопјани ја плаќаат, порача вечерва од Бутел, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој кажа дека тажно е што во 21 век во главниот град сме пред зараза која може да ги зафати скопјани и главниот град.
„Жалам што сето ова се случува и она кое можат да го направат градоначалниците од скопските општини, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го прават заедно со помош и поддршка од страна на градоначалниците од другите општини во Македонија“, рече Мицкоски.
Апелира и до Владата да се вклучи да помогне, исто така апелира и до останатите градоначалници во Скопје кои не се од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се вклучат во чистење на овој смет и да можат да го одложат.
„Не далеку од Скопје е депонијата „Дрисла“ се надевам дека ќе се наиде на разбирање од надлежните во депонијата „Дрисла“ да се одложи овој смет бидејќи тоа им е потребно во овој момент на скопјани, а акцијата ќе продолжи во текот на целата вечер и се надевам дека утре веќе овој проблем ќе биде надминат, оваа алармантна состојба ќе биде надмината и ќе може непречено да се одвива работата и на ЈП „Комунална Хигиена“ но и на останатите општини во Град Скопје“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

