Македонија
Мицкоски: Двотретинското мнозинство ни е потребно за да се распуштат Советот на јавните обвинители и Судскиот совет
Формално ние можеме да ја избереме новата влада уште утре со 61 пратеник, но имајќи ги предвид разговорите што привршија и коалицијата што е направена, наш предизвик е да имаме двотретинско мнозинство во парламентот, изјави Христијан Мицкоски, кој денес го доби мандатот за составот на новата влада.
„Тоа мнозинство ни е потребно затоа што планираме преструктуирање на владата поврзано со програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Второ, имаме силен реформски циклус, особено во оној дел што треба да дојде до објавување жесток фронт против криминалот и корупцијата, а за тоа да се случи, треба главните столбови – Обвинителството и судството да бидат ослободени од партизираните малкумина обвинители и судии. Тоа ќе се направи со распуштање две институции – Советот на јавните обвинители и Судскиот совет, но за тоа да се случи, мора да има измена на соодветните закони, а за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

