Македонија
Мицкоски: Добивме коалиција на криминалот, без кредибилитет и без европска иднина
„Договорот Заев/Ахмети е договор за продолжување на криминалот, лагите и корупцијата. Политичарите од транзицијата да продолжат со деградирање на институциите, провлекување на личните интереси и неправдите. Имаме коалиција на криминалот“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на „Фејсбук“, по вчерашната објава дека СДСМ и ДУИ постигнале договор за коалициона влада.
„Замислете, истите оние кои со месеци се во потрага по инвеститорот на дивата градба што расте во Мавровка среде Скопје сега ќе управуваат со буџетот на сите. Ова е коалиција по која истиот СДСМ ќе го видиме пред следните избори како ни вели нема инвестиции, нема пари затоа што тие не го воделе како што треба секторот финансии, ќе имаме нови порази во надворешната политика затоа што тие не го воделе МНР.
Дека нивниот коалициски партнер ‘5 пари не вреди’, и дека е ‘канцер’. А ова беа зборовите на СДСМ со кои го опишуваа ДУИ пред изборите, а сега кога власта е во прашање се фалат едни со други. Зошто? За власт, пари и личен комодитет. За одбегнување одговорност, поради страв од правдата“, вели Мицкоски.
Според него, следува период каде „нема да видиме реформи, ќе има кратења, поскап живот и ценовни шокови. Добиваме влада без кредибилитет и без европска иднина. Македонија има многу проблеми и еден извор на тие проблеми, тоа е оваа антиреформска коалиција за заштита на криминалот, корупцијата, срамот и понижувањата. Ова е влада без кредибилитет, овој пат со пократок рок од претходниот мандат“.
И кога велат „можеме“, им веруваме дека можат само во криминалот и корупцијата, ништо повеќе, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

