Македонија
Мицкоски до евроамбасадорот Гир: Корупцијата и криминалот ја оставаат државата без иднина
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.
На средбата, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, енергетската криза, геостратешките случува во регионот и Европа, како и европските интеграции на државата.
Воедно, Мицкоски смета дека немањето на реформи, лошото менаџирање на владата на СДСМ во однос на економската, енергетската, и здравствената криза, високиот степен на криминал и корупција ја оддалечуваат државата од европскиот пат и не претставуваат европски вредности и стандарди.
Мицкоски го информирал Гир за почестата злоупотреба на европското знаменце при носење на законите во Собранието од страна на парламентарното мнозинство, додавајќи дека власта не ги прифаќа конструктивните забелешки и амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ кои значат бенефит за граѓаните.
Корупцијата и криминалот кои се неказнети ја оставаат државава без иднина и реформи за подобар живот, посочил Мицкоски.
Тој уште еднаш ја афирмираше поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за европскиот пат и полноправно членство на Македонија во Европската Унија, заснована само врз принципиелни основи, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

