Македонија
Мицкоски до Османи: Груба провокација е да се кажува дека Илинден е празник и на Бугарите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му порача на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека е провокација да се кажува дека Илинден е празник и за Бугарите. Илинден е важен ден за Р.Бугарија, понатаму ќе каже “заедничка историја” министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, напиша тој на Фејсбук.
„ Една кратка историска лекција: Св. Илија/Илинден во револуционерна и политичка смисла на зборот може да биде важен за Бугарија само како дел од нивните учебници каде се изучува правилно историјата на македонскиот народ и граѓаните на Македонија, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми и останати и нивната автентична борба за сопствена македонска држава во срцето на Балканот. Заедничка може да биде нашата историја во географска смисла бидејќи двата народи и двете држави припаѓале и припаѓаат во географската целина балкански полуостров, но никако и политичка.
Зошто? Ако се иземе периодот од 1941-1944 кога бугарските фашисти ја окупирале територијата на денешна Македонија и биле поразени и протерани, никогаш пред, но и после тоа не сме биле во заедничка политичка и уставна држава заедно за да имаме “заедничка историја”“ вели Мицкоски.
Според него тоа е груба провокација од министер во влада на Македонија кон македонскиот народ и непочитување на историјата, традицијата и жртвата за независна и суверена македонска држава.
„ Очекувам извинување веднаш и јасно правење разлика од “заедничката историја” во географска од политичка смисла на зборот. Во спротивно уште на локалните избори македонскиот народ во Тетово, Гостивар, Чаир, Струга, Дебар, Теарце…., гласно ќе проговори за оваа груба провокација на Бујар Османи, напиша Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Програми за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност – Скопје
Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ги објави програмите за доживотно учење – единствена можност за сите заинтересирани лица над 20 години кои сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално.
Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи во одлични услови кои овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок.
На крајот од секој семестар, учесниците добиваат сертификат издаден од Факултетот за музичка уметност – Скопје, што претставува официјално признание за стекнатите знаења и вештини.
Повеќе информации за програмите на следниот линк: https://www.fmu.ukim.edu.mk/about/lifelong-learning
Уписот е во тек и трае до 25.2.2026 год. За дополнителни информации во врска со уписот, обратете се на тел.бр.02-3134345 или на е-пошта: [email protected].
фото/Depositphotos
Македонија
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟣𝟩 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар известува дека во периодот од 09.02 до 15.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ биле отстранети 117 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
ВЛЕН: Ако СПАК-от на ДУИ не е само за спектакл, нека побара екстрадиција на Артан Груби од Албанија
ДУИ во Чаир помпезно го најавува формирањето на локален СПАК (Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција), како да ја открила Америка. Но, прашањето што веднаш се поставува е: дали овој СПАК ќе го истражи и сопственото раководство или е само уште еден театар за измама на граѓаните, прашуваат од ВЛЕН.
„Корупцијата има познати лица: Фатон Ахмети, поради сомневања за злоупотреба на средства во ФЗО, Арбер Адеми, како министер за образование со отворени случаи за злоупотреба, Бујар Османи, за случајот „Пациент“ и многу други кои денес седат во раководството на ДУИ како недопирливи. ВЛЕН го поздравува овој СПАК на ДУИ и сугерира дека, ако е навистина за акција, а не за спектакл, треба да ги започне истрагите токму со овие имиња. Првото нешто што треба да го направи е да воспостави комуникација со СПАК на Албанија и да побара екстрадиција на Артан Груби, симбол на ароганција и злоупотреба на моќ“, пишува во соопштението.
Ако овој СПАК е сериозен, велат од ВЛЕН, нека се обиде да ги истражи сопствените недопирливи.
„Само тогаш граѓаните ќе веруваат дека транспарентноста не е фасада, туку реалност. Дотогаш, ова останува потсмев, „СПАК за Фејсбук“, а не за правда“, велат од ВЛЕН.

