Македонија
Мицкоски: ДУИ не е во позиција да поставува услови
ДУИ не е во позиција да поставува услови, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „Дојче веле“ по најавата на ДУИ дека ќе излезат од Владата само доколку веднаш се изгласат уставните измени.
Мицкоски посочи дека на лидерската средба понудил два предлога на СДСМ и Димитар Ковачевски потенцирајќи дека СДСМ треба да се охрабри и да одговори дали ја прифаќа подадената рака, која значи заштита на националните интереси.
„ДУИ не е во позиција да поставува услови. Доколку СДСМ навистина прифати еден од предлозите, тоа е: прво, завршување на процесот сега, со одложено важење кога Македонија ќе ги заврши преговорите и ќе влезе во ЕУ, така ги заштитуваме Уставот и идентитетот, нема дополнителни условувања и барања од Бугарија. ДУИ тоа го толкува поинаку, тоа е нивен проблем. Колку побргу заминат во опозиција, толку побргу на Македонија ќе и` тргне. Второ, избори наесен, поддршка на опозицијата во заштита на идентитетот многувековен, традиција, култура, обичаи и јазик пред европските институции од страна на опозицијата, економски пакет од Европската комисија, имплементирање на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за Македонците во Бугарија“, дециден е Мицкоски.
Додава дека имаат постојана комуникација со меѓународната заедница и дека не би сакал да ги интерпретира нивните ставови: „Тоа оставам да го кажат тие“, кажа тој.
Дециден е дека ВМРО- ДПМНЕ покажа конструктивност и грижа за иднината, која власта нема капацитет да ја валоризира.
„Од тој аспект – сите оние соопштенија дека ДУИ би се жртвувала за решение, но треба да се знае дека не одлучуваат ДУИ и Али Ахмети дали ДУИ ќе ја напушти Владата. СДСМ треба да се охрабри и да ја прифати подадената рака за преодна влада“, прецизира Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

