Македонија
Мицкоски: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на по на почетокот на една нова и надградена приказна изразена во новата инвестиција на компанијата „Киел“. Во едни вакви тешки времиња би рекол дека не само што е мудра туку и навистина е смела одлука да се инвестира во државата. И во таа смисла јас како човек, кој набргу очекувам да ја добијам парламентарната поддршка за водење на идната влада, имам изразена намера да придонесам и активно да поддржам секаков процес, кој ќе значи нови работни места, повеќе пари во македонската економиjа, успешни бизнис-приказни, кои ќе ја потврдат мојата искрена намера преку инвестиции, преку развој и технолошки прогрес да ја вратиме државата на народот, контролата да биде во негови раце и да создаваме среќна иднина за сите“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Целосно сум свесен за предизвиците што престојат и реформите што мора да се преземат. Корупцијата и борбата против криминалот ќе биде нашиот примат и секој инвеститор мора да биде стопроцентно уверен дека државата ја гарантира заштитата од неморални и коруптивни притисоци и настојувања. Никој не смее да биде над законот, исто како што никој не смее да помисли да ги одземе иднината и работите што ја создаваат иднината. Новата влада им ќе биде партнер на стопанствениците“, рече тој и додаде:
„Заедно да создаваме и да придонесуваме за подобар живот. Јас сум за што повеќе инвестиции, кои го зголемуваат животниот стандард, а ова е борбата за подобар живот на сите граѓани. Македонија се сака со дела и тоа е најдобриот одговор за сите што во политиката прават етнички поделби, креваат ѕидови и создаваат омраза. Да имаме натпревар на идеи наместо натпревар во шовинизам и радикализам. Со работа, со решенија и креирање конкретни работи се сакаат и се бори за благосостојбата на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други. Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит. На тој начин ќе му се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата. Ќе има кратење на административните процедури и отстранување на бариерите што го попречуваат бизнисот. На крајот, дозволете ми да им честитам на инвеститорите за храбрата одлука, во мене гледате човек што сака да ви помогне и заедно да направиме Македонија да биде подобро место за живеење. За сите вас“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

