Македонија
(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“
По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на Македонија“ зашто, како што рече, по многуте турбуленции што се случија изминатиот период во земјата, потребна ѝ е вистинска обнова.
„По сè што се случува во земјата веќе 3 години, добро е што договоривме датум за избори. Вечерва ги информирав коалициските партнери за темите за кои дискутиравме вчера на лидерската. Поради реалноста во која живееме, им предложив коалицијата ‘За подобра Македонија’, да се преименува во коалиција ‘Обнова на Македонија’ и тоа беше едногласно прифатено“, рече Мицкоски, кој додаде дека на Македонија ѝ е потрбна обнова по, како што нагласи, арамилакот што ѝ се случува на земјата.
„Ви ветувам расчистување на арамилакот, нови реформи во многу сегметни, враќање на правото и нулта толеранција во борбата против криминалот и корупцијата“, порача тој.
Рече дека е во преговори со други политички партии за коалирање, но дека сè уште е нејасно дали тоа ќе биде предизборно или постизборно. „Со некои од тие што преговараме се видов синоќа, а тие седеа до Зоран Заев“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето дали се работи за албански партии, рече дека преговараат.
Мицкоски нагласи дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ е многу поголема од таа што ја кажувал Заев за водство на анкетите, но вели дека нивен предизвик е предноста да биде многу поголема за да имаат, како што рече, стабилно мнозинство.
„Првиот дел на состаникот беше да ги информирам што се слчуваше вчера, сега во вториот дел на средбата ќе разговараме и за други теми“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

