Македонија
Мицкоски: Заев да си даде оставка и да се формира техничка влада по блокадата од Бугарија

Она 0то денеска ни се случи е уште еден доказ за националната катастрофа што им ја донесе Зоран Заев на народот и на државата. Ваков е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицикоски, по денешната блокада од Бугарија за преговарачката рамка со Европската Унија.
Според Мицкоски, сега најчесно би било Заев и неговиот тим на политичари да поднесат оставки.
„Тие треба веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори во термин во кој, нормално, здравствените услови ќе дозволат да се случи такво нешто. Сега можеби треба и да почнеме да размислуваме за една идеја што ја почнаа од Алијансата за Албанците, а тоа е една влада за национален спас, техничка влада или некој друг тип на слична форма“, изјави Мицкоски.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ситуацијата е сериозна и доведена е во прашање европската перспектива на Македонија под раководство на Зоран Заев. Мицкоски се надева дека ЕУ ќе го ревидира нивниот став и веќе на министерско или на премиерско ниво ќе го коригира и Македонија ќе го почне процесот на преговори со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).