Македонија
Мицкоски: Заев е мали Луј 14-ти, додека народот нема леб, тој се вози во БМВ од 100.000 евра
Заев е мали Луј 14-ти, додека народот нема леб, а лозарите го истураат грозјето, тој се вози во БМВ од 100.000 евра, oттука тој станува заробеник на минатото и таму со замислениот противник е сам со себе. Си прави, тера монолзи, од време на време ќе ме спомене и мене. И таквиот разговор делува отсутно, и затоа тоа е борба со ветерници. Неговата оспеднатост со минатото говори дека се врти во истиот круг, додека надвор од тој круг е реалниот живот. И затоа во оваа кампања делува отсутно и непрепознатливо и нема решенија за проблемите на граѓаните, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Чашка.
Мицкоски го поистоветува Зоран Заев со Луј 14, посочувајќи, дека додека народот го истура својот род, тој се вози со ново патничко возило од марката БМВ кое чини 100.000 евра.
„Од неговите патувања во странство она што му оставило впечаток е како што самиот говори дека имало црвени килими. И тука прашањето е што има Македонија од твоите црвени килими освен блокада, ред тапшања по рамо, и извештаи дека сме хибриден режим? Тој всушност е еден мал Луј 14-ти само во една современа балканска верзија кој се раководи според принципот државата-тоа сум јас, па опиен од апсолутната власт 5-та година по ред смета дека може и да управува со животите и судбините на луѓето. Таквиот балкански Луј 14-ти нема никакво чувство за тоа како живеат луѓето на Македонија, за нивните тешкотии. Овој балкански Луј 14-ти се вози во најнова марка патничко возило БМВ вредно 100 илјади евра, има плантажи со марихуана, самиот си кажува дека неговата империја тежи милиони евра. И додека нема народот за леб, тој купува ново патничко возило од марката БМВ, додека народот го истура грозјето, тој ужива во луксуз, потенцираше Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

