Македонија
Мицкоски: Заев е подготвен на сè, утре се спрема ново предавство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи обвини дека премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров, шефот на дипломатијата, Бујар Османи, и специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, се спремни утре да ги прифатат барањата на бугарските политичари.
„Овој квартет, кој државава ја чини многу скапо, ќе отпатува во Софија, каде што се спремни да дадат бел лист хартија, кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во бугарската декларација, со која се негираат јазикот, идентитетот и историјата на Македонија“, посочува лидерот на опозициската партија.
Мицкоски вели дека она што тимот предводен од Заев ќе го прифати, подоцна ќе треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија.
„Загрозени се националните и државните интереси, Заев им дава подарок што многу скапо ќе ја чини нашата држава“, додава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој апелира македонскиот народ свесно и будно да ја следи состојбата и да не дозволи, како што вели, ново предавство.
Претходно, од Владата најавија дека премиерот Заев, придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе замине во посета на Софија со цел за наоѓање решенија за отворените прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.