Македонија
Мицкоски за Дамева: Секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине
Премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата која е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ на новинарско прашање како ја оценува оставката на Дамева, изјави дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине.
„Јас не би го гледал тоа дека е некаков почеток или некаков крај. Мислам дека овој процес треба да биде динамичен, односно секој оној којшто нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството.
Ценам дека овој Судски совет и ценам дека судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат во граѓаните, не успеаја. И ова не треба да биде исклучок, ова треба да биде правило во иднина дека секој оној којшто нема да ја оправда довербата на граѓаните, треба да замине, без разлика која улога во општеството ја има“, подвлече Мицкоски.
Тој го истакна своето очекување обвинителите да имаат поголем фокус во справувањето со криминалот и корупцијата.
„Така што, очекувам малку поголем фокус да имаат во справувањето со криминалот и корупцијата, но тоа пред се важи за обвинителите коишто сред акции, кога треба да потпишат налог за претрес или приведување, ќе повторам, добиваат главоболка, повишена температура, грчеви во стомакот, дијареја и анксиозност“.
Во однос на прашањето дека Државниот јавен обвинител се одзвал на прозивката дека ќе извршат реорганизација во Јавното обвинителство и дека ќе пристапат кон поважните предмети, премиерот Мицкоски изјави:
„Јас не би сакал да го коментирам Државниот јавен обвинител, бидејќи често пати бев прашуван, имате комотно мнозинство, зошто не постапувате како што постапувале, во минатото владите кога биле избрани. Јас давав одговор дека сакаме да дадеме шанса на процесот и да видиме дали можеме конечно правдата да ја добиеме. Граѓаните со право се лути на Владата зошто не постапуваше до сега, бидејќи логично е дека граѓаните мислат дека ние како Влада треба и да обвинуваме и судиме.
Тоа не е наша политика, можеби на некои минати влади, но на оваа Влада тоа не е политика. Ние можеме преку истражните органи, Финансиска полиција, Управата за јавни приходи, МВР итн да подготвиме случај и да му го дадеме на Обвинителството. Обвинителството е тоа коешто поднесува пријава, а подоцна, доколку Судот ја прифати, суди. Не е тоа државата и тоа на памет не ми паѓа, ниту некогаш ќе го правам.
Јас само упатив многу пораки во јавноста и ќе продолжам да упатувам кон овие две институции и обвинители и судии, да си ја работат својата работа. Да не бидат партнери со криминалците без разлика дали се тоа политички или вистински криминалци од улиците. Туку да се борат против криминалот и корупцијата. И конечно очекувам да почнат да си ја работат работата и да ја заработуваат платата којашто им ја даваат македонските граѓани, а не е мала“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

