Македонија
Мицкоски за Онкологија: На криминално-мафијашко ниво било печалено од смртта на граѓаните
Станува збор за грозоморен и монструозен скандал, кој еволуира во моментот кога КАТО-системот не е ставен во функција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на денешната посета на Гевгелија.
„Постојат основани сомневања што во суштина се случувало. Кога пациентите на Клиниката за онкологија влегуваат во онаа терминална фаза, а тоа е фаза кога губат телесна тежина, тогаш дозите што се аплицираат пропорционално се намалуваат, односно количината што се аплицира постепено се намалува. И наместо тоа да го прават некои од луѓето што се дел од скандалот, а се таму вработени, фиктивно ги зголемуваат тие дози и дел од тие дози завршува во нивните џебови и потоа се препродаваат“, рече Мицкоски за случувањата на Онкологија.
Според Мицкоски, една таква ампула чини помеѓу три и три и пол илјади евра.
„Зошто тоа се правело, затоа што на тој начин се трошеле повеќе ампули, поголеми средства се одлевале, снабдувачот, веледрогеријата, била задоволна бидејќи таа продавала по повисоки цени, а од друга страна, на едно примитивно криминално мафијашко ниво било печалено од смртта на наште сограѓани и она што заслужува внимание и она што треба да привлече внимание е тоа зошто директно, централизирано Министерството за здравство, во одреден момент ја објавува набавката без притоа да добие позитивно мислење од Фондот за здравство“, рече Мицкоски.
„Ја охрабрувам анкетната комисија во нејзината работа и мора да има виновник. Колку за информација, во последните 10 години одредени веледрогерии наплатиле околу половина милијарда евра, тоа е траурно и затоа денес ни се случува да заминуваат младите, цели семејства и да имаме богаташи што може да конкурираат на светските листи“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.