Македонија
Мицкоски за пописот: Со недостатоци и слабости не се гарантира успешна статистичка операција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира досегашното спроведување на пописот, вели дека од оние информации што ги добива за голем број недостатоци и слабости при попишувањето, не се гарантира успешно спроведување на оваа статистичка операција.
„Од она што знам, има многу турбуленции, недостатоци и системот паѓа, луѓе ја враќаат опремата, бројката и динамиката што се спроведува на терен од оној лимитиран број информации што ги добиваме, неофицијални се разбира, не гарантира успешно спроведување на оваа статистичка операција“, рече Мицкоски.
„Но, ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме свој став и јас тој став го кажав јавно, но, за жал, имаме неспособна институција и неспособна Влада. Тоа е проблемот во државата. Затоа, проблемите не треба да ги одлагаме, туку веднаш треба хируршки прецизно да ги отстраниме, а тоа ќе се случи уште на овие локални“, вели Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Аеродром и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче, од надвозникот кон селото, општина Аеродром;
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улицата 1770, во населба Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно, во текот на денот со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп е нормализиран, соопшти АМСМ.
Претходно од таму информираа дека поради случена сообраќајна незгода со жртва, пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.