Македонија
Мицкоски: За 100 дена, отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување
„Денеска, на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување, сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба, што е она што тие како менаџмент го наследија од претходниот менаџмент на Фондот. Самите слушнавте дека станува збор за долг од приближно 5 милијарди денари. Тоа е некаде околу 80-ина милиони евра и повеќе“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што најави, со домаќинско работење и со вешто реструктуирање долгот ќе се намали многу бргу за две милијарди.
„Што значи дека ќе дојде на некое би рекол подносливо ниво од 3 милијарди, но треба да се спушти уште повеќе и правиме план како Влада во периодот што следува, можеби ете да речеме во текот на следната фискална година, уште повеќе да го намалиме тој долг. А очекуваме и со домаќинско, вредно, посветено работење на новиот менаџмент во болниците и во здравствените установи во државата дел од тој долг да биде и по тој пат вратен назад.
Јас можам да кажам дека како Влада врвен приоритет ни е здравјето на граѓаните. Како Влада ќе останеме посветени на поддршка и на Министерството за здравство и на Фондот за здравствено осигурување. Интересот на граѓаните е пред сè и јас лично со оваа моја денешна посета сакам само тоа да го потврдам и да им честитам на Фондот, на менаџментот на Фондот, на Министерството за здравство што за толку кратко време успеаја да се консолидираат и да ги земат работите, што се вели народски, во свои раце и да вратат околу две милијарди денари, што е нешто што досега не се случило ако се има предвид дека, како што рече самиот директор, во првата половина од годината тој долг е зголемен за цела милијарда. Па сега вие можете да замислите со какви цели биле тие пари и каде биле употребувани.
Така што, еве, посакувам уште многу убави вести, па в година да зборуваме за долг нула, на тој начин ќе обезбедиме и тековно сервисирање на обврските. Со тековно сервисирање на обврските и цените ќе паднат, ќе значи помалку расходи, повеќе приходи и на тој начин ќе можеме да на граѓаните им понудиме дополнителни услуги здравствени, кои тие ќе може да ги користат“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.

