Македонија
Мицкоски: Индустриското производство во јануари порасна 1,4 процент, а извозот е пораснат 5 проценти
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Македонија стана дел од европскиот платежен систем СЕПА и најновите бројки од статистика за индустриското производство, изјави:
“Да, сакам исто така да ова го потенцирам дека конечно како држава влеговме во, како би се нарекла таа, европската евро платежна зона. Што значи тоа, тоа значи дека нашата дијаспора којашто има банка, којашто има сметка во една од банките во Европската Унија, кога ќе префрли дотација овде кај нас на некое физичко лице коешто има своја сметка во некоја од комерцијалните банки, тоа веднаш ќе биде направено, без да се чека со денови и без дополнителни трошоци.
И без дополнителни проценти, трошоци. Ако имаме предвид дека тие дотации на годишно ниво се можеби повеќе од една милијарда, сметајте дека граѓаните ќе заштедуваат меѓу 50 и 60 милиона евра. 50 и 60 милиона евра, тоа е онолку, колку што преку данокот на луксуз или како и го нарекоа СДСМ, го земаа од граѓаните, а сега треба ние како Влада да го плаќаме, како резултат на одлуката на Уставниот суд. Годишно толку ќе заштедуваат граѓаните и веднаш парите ќе ги гледаат на својата сметка, нема да чекаат како до сега, со денови. Тоа го направи оваа Влада.
Тимот којшто беше вклучен, јас им честитам на сето ова. Исто така би сакал да ја истакнам и улогата на Народната банка и сето ова финишираше со еден успешен процес, којшто претходната Влада воопшто не го имаше во својот периметар за одлучување. Ние еве за период од осум месеци успеавме, со што уште еднашка покажуваме. Јасно кажуваме и на Европа и на светот дека нашата втора стратешка цел, покрај членството во НАТО е и членството во Европската Унија, со тоа што активно ги испорачуваме резултатите. Нешто што во минатото беше невозможно.
Што се однесува до индикаторите, можам исто така да го изразам своето задоволство. Бидејќи еве после шест месеци, ние успеавме да дојдеме до состојба нула. Кога велам до состојба нула, нашата стратегија беше во три чекора. Прво, слободното паѓање, коешто беше јасно. Граѓаните тоа го чувствуваа, да го сопреме. А потоа да дојдеме до состојба нула. Тоа беше втората фаза. А веќе од состојба нула, да почнеме да се креваме нагоре.
Некои велеа дека за да дојдеме до состојба нула, можеби ќе треба година до година ипол. Јас сум навистина задоволен дека и после шест месеци, ние доаѓаме до позиција да кажеме дека конечно индустриското производство порасна овој месец јануари за 1,4%. Што е добро и тоа со фокус на преработувачката индустрија. Сеуште имаме тука кај рударството и кај автомобилската индустрија опаѓање, поради намалените нарачки во Германија, поради кризата во автомобилската индустрија. И во делот на снабдувањето со електрична енергија и климатизација. Мислам дека во следните месеци и тука ќе се подобриме, бидејќи состојбата во ЕСМ е веќе консолидирана.
Но сето останато, вклучително и интермедијарните производи, во сѐ има раст. Така што овие 1,4% раст на индустриското производство охрабруваат. Охрабрува опаѓањето на невработеноста и растот на вработеноста. Тоа значи дека бројот на вработени се зголемува што значи тие што додаваат вредност и се трудо-интензивни, се зголемува. Но исто така морам да напоменам уште една работа, дека за 5% е зголемен извозот во јануари месец.
Нешто што не е забележано од јуни месец 2023 година. Извозот е за 5% зголемен. Или ако првиот месец од првиот квартал ги има овие перформанси, јас очекувам во првиот квартал трендот на растот на Бруто домашниот производ, да продолжи. И не би се изненадил ако во овој прв квартал дојдеме 4 до 4,5 па и повеќе проценти.
Така што еве можам со задоволство да кажам дека таа наша цел да дојдеме до состојба нула како Влада, веќе дојдовме. Да следиме, не треба да се опуштиме, треба да продолжиме и во месеците коишто следат. Да ги анализираме бројките и да продолжиме да работиме за доброто на граѓаните“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби
Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по апсењето на екс-вицепремиерот и еден од првите луѓе на ДУИ, Артан Груби.
„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, се вели во реакцијата.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.

