Македонија
Мицкоски и ДПМНЕ да се извинат откога ДКСК ги потопи нивните лаги за Ковачевски, велат од СДСМ

„ДПМНЕ и Мицкоски да излезат и да се извинат откога ДСКС ги потопи нивните фабрикувани лаги и манипулации за претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски“, соопшти СДСМ.
„Се потврди дека сите лажни видеа, анимации, изјави, прес-конференции од белиот дворец се само голема лага, ништо повеќе.
Државната комисија за спречување на корупцијата ги демантира сите лаги на ДПМНЕ и нивната измислена афера ‘Броило’ и потврди: нема конфликт на интерес кај Ковачевски.
Уште еднаш се виде дека ДПМНЕ своето дејствување го базира единствено на лажни вести, шпекулации и дезинформации“, се додава во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, рече Мицкоски

Владата работи на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти, соопшти премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион.
Тој рече дека ги слуша реакциите од страна на матичните лекари и во моментот се работи на пријатно изненадување за нив.
„Очекувам дека веќе во следната недела ќе има добра вест за матичните лекари. Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти. Оставете да ги направиме конечните пресметки, ќе излеземе многу скоро со информација што мислам дека ќе биде позитивна вест за матичните лекари“, одговори Мицкоски на новинарско прашање.
Македонија
Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО во посета на касарната “Илинден”

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО кои се во неколкудневна посета на нашата земја, денеска заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски ја посетија касарната „Илинден“ во Скопје.
Делегацијата беше пречекана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, како и високи претставници на Министерството за одбрана и Армијата.
За време на посетата, членовите на ПК на НАТО, имаа можност да проследат неколку показни вежби на Армијата со кои се прикажа обученоста на припадниците на Армијата при изведување на комплексни сценарија. Во Домот на Армијата беа брифирани за развојот на македонската Армија и одбраната „Оваа годишнина служи како потсетување дека нашето место во Алијансата е резултат на повеќе децениски труд, а нашата иднина е изградена на принципите на колективна одбрана, солидарност и соработка“ истакна генералот Лафчиски.
Македонија
Мицкоски на увид во Тетово: Изграден е нов дел од булеварот Видое Смилевски- Бато

Премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата денес беа во увид во градежните активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато – I фаза“, на потегот од Фуштанска до село Порој, во Општина Тетово.
Мицкоски по тој повод изјави дека овој значаен инфраструктурен проект опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, како и комплетна подземна инсталација, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.
Булеварот ќе биде долг 1.783 метри, а со првата фаза успешно се реализираат 650 метри.
Заклучи дека ова е уште еден чекор кон модерна, безбедна и урбано уредено Тетово, а Владата се грижи за граѓаните преку реализација на капитални проекти кои значат подобар живот, побезбедна инфраструктура и подобри услови за сите.