Македонија
Мицкоски и Дурловски во Дебар: Време е градот да добие музеј и да го сочуваме наследството
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со носителот на Изборната единица 5, Игор Дурловски, ја посети општината Дебар и оствари посета со населението. На средбата Мицкоски порача дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има такви мерки што ќе гарантираат безусловна правда и нула толеранција на корупцијата.
„Јас ќе почнам со дилемата дека овие избори се практично една раскрсница како сакаме да ја гледаме нашата држава во следните четири години. Тоа е една суштинска дилема, која на овие избори е поставена пред секој жител, без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Србин, Бошњак, Ром, Егиќанец. Овие избори се избор каква Македонија сакаме да видиме за четири години од сега, а јас би рекол и во годините што следуваатт по овие четири години. Дали сакаме да гледаме Македонија, која ќе биде засрамена, понижена, омаловажена, опљачкана, полна со криминал, корупција, многу неуспеси, или Македонија, која ќе биде горда, исправена и која сите жители што се дел од неа ќе може гордо да кажат – да, јас сум од Македонија, среќни граѓани. Држава во која секој ќе го пронајде сопственото место затоа што тоа место одговара на неговиот квалитет, на неговите компетенции“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека граѓаните треба да се определат во каква држава сакаат да живеат, држава во која секојдневно ќе се гледаат чанти „луј витон“, полни со пари, или држава во која ќе владеат законите, ќе се почитува Уставот, а правото и правдината ќе бидат, пред сè.
Носителот на ИЕ 5, Игор Дурловски, укажа дека мора преку инвестициски проекти да се развие Дебар, да се охрабрат повратниците од странство, кои имаат желба да инвестираат тука, да се развие бањскиот туризам со модернизирање и проширување на постојните капацитети, но и да ги искористат потенцијалите на природата, кои се единствени околу Дебар и Дебарското Езеро.
„Нашата цел ќе биде да го сочуваме и промовираме културното и историското наследство по кое Дебар е препознатлив во историјата, да ги сочуваме споменот и делата на познатите дебарски зографи, копаничари, градители. Време е Дебар да добие музеј, музеј на преродбата. Музеј на Дичо Зограф и прославената дебарска школа, ова е проект од ‘Обновата на Македонија’, кој уверен сум дека ќе го поттикне локалниот културен и туристички развој на Дебар. Јас чувствувам сериозна одговорност, ја знам тежината на секој изговорен збор, на секое ветување. Секој предложен проект што треба да се реализира“, потенцира тој.
Дурловски од Дебар додаде дека обновата на Македонија е одговор на народот и затоа ја бара поддршка на 15 јули за да се направи пресвртница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

