Македонија
Мицкоски и Филипче ги поделија сферите на интерес и се договорија да ја задушат правдата, велат од Алијанса за Албанците
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче во изјавите по денешната скандалозна средба ги потврдија сите наши сомнежи и ги открија своите планови, велат од Алијанса за Албанците.
„Тие се согласија да формираат работни групи во три области кои се поврзани, се вкрстуваат или од интерес за двајцата лидери. Ќе ја подготват реформата во здравството, сфера на интерес на Венко Филипче каде што ќе се заобиколи актуелниот министер Арбен Таравари, во енергетиката, сфера на интерес на Христијан Мицкоски, сопственикот на хидроцентралите и на крајот, „правдата“ каде Филипче и Мицкоски имаат заеднички интерес да се спасат меѓусебно од одговорноста за Кочани, Модуларната Болница во Тетово, Беса Транс и Дурмо Турс и другите трагедии и скандали кои се случија во земјава“, истакнуваат од оваа партија.
Овој договор, како што велат е целосно игнорирачки за Албанците, а воопшто не ги третираат ни нивните албански „партнери“ во Владата.
Овој договор, според Алијанса за Албанците е и против граѓаните, по секоја цена да ја сокријат вистината од нив, да го заробат системот, да инсталираат диктатура како што одамна ја заробија и македонската опозиција и да го уништат секое досегашно достигнување.
По оваа средба, што ќе биде со повторното судење за трагедијата со Модуларната болница во Тетово, кога најодговорниот човек за таа болница ќе го води реформскиот процес во име на „правдата“, прашуваат од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

