Македонија
Мицкоски: Кога ДУИ и СДСМ ќе кажат дека ги бранат Албанците од ВМРО-ДПМНЕ, всушност го бранат криминалот
Сакам да потенцирам особено овде од Кичево, една работа која е дел од лудилото и стравот од пораз на СДСМ и ДУИ а тоа е онаа брутална кампања која овие денови се води кон ВМРО-ДПМНЕ од страна на Зоран Заев и ДУИ особено во делот од медиумите кои се во албанскиот блок чија задача е да се оцрнува нашата партија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Кичево.
„Си велам каква само каша им е во главата кога соочени со страв панично смислувале теми како да нападнат. Сите советници на Заев избегаа зошто постојано ги лажеше, му останаа само оној Филипче и оној Љупчо Николоски – Путерот па им текнало дека ќе разгоруваат етнички тензии и ќе кажат дека ВМРО-ДПМНЕ биле националисти. Па за да го засилат впечатокот ДУИ ќе повика на мобилизација против ВМРО-ДПМНЕ, и сето така тоа ќе биде филувано во дел од новоформирани портали на албански јазик кои е јавна тајна дека се под патрон на еден млад вечен советник, а повремено министер од ДУИ, кој, пак, велат поискусните од мене, своевремено прв трчал во Парламентот да ги гласа владите на ВМРО-ДПМНЕ. И бил често виден гостин во еден скопски хотел во центарот на градот. И нескриено се воодушевувал на сите политики од тоа време, а сега поради пари, пусти пари и моќ дехидрира од плукање врз мене и ВМРО-ДПМНЕ. И во таквиот занес токму Заев заедно со тие неколкумина околу него подгреваат сосема свесно етнички тензии. Зошто? Само за тоа што фотелјата и тие пусти пари, слава и моќ им се важни“, рече Мицкоски.
„Сега е совршено јасно зошто никој не брка криминалци, затоа што полицијата на Спасовски и Заев се занимава со пишување казни и на малтретирање луѓе за нешто што не го направиле. Таквата дружина раководена од Спасовски се осмелила полициската служба да ја користат за партиски, наместо за државни цели, еден вид параполициски структури за партиски цели. Тоа го нема ниту во Танзанија“, рече Мицкоски.
Мицкоски повика на обединување против власт,а а излезноста, како што рече, е клучот за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

