Македонија
Мицкоски: Македонија ја снајде цунамито Заев
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица порача дека Македонија е единствената држава во Европа каде што економијата во 2017 година е во стагнација.
„Не можеме да кажеме раст, велиме во стагнација бидејќи е 0 отсто. Бев во Унгарија, седнав со премиерот Орбан, и тој вели дека економијата на Унгарија е 5 отсто во пораст. Бев во Бугарија -таму е 4 отсто. Во Америка се фалат дека нема подобра година за американската економија во 2017 година. Германците од кабинетот на Меркел нè посетија и велат – имаме суфицит 32 милијарди евра, не знаеме што да правиме, фантастична година. Само ние веднеме глава, се срамиме, гледаме надолу. Ние знаеме што нè снашло, нè снашло цунамито Заев, ама не знаат они што ни се случило. Значи, имаме една катастрофална ситуација, ветуваа 5 отсто раст, обезбедија 0 отсто, 0 отсто катастрофална ситуација во економијата“, рече Мицкоски.
И не го зборувам ова како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и човек од ВМРО, додаде Мицкоски, туку го зборувам и како загрижен граѓанин и како универзитетски професор низ чии раце со кредата в рака поминале илјадници студенти и ги учел за една поинаква Македонија.
„Имаме странски инвестиции – катастрофална ситуација, 100 милиони помалку од 2016 година, која, патем речено, не беше најдобра, туку потпросечна година. Е, сега, тука малку сатирично ќе кажам еден пример на една успешна странска инвестиција за која треба да им се честита на Зоран Заев и другите, а тоа е за продажбата на компанијата на вицепремиерот на грчкото електростопанство. Тоа е една добра успешна странска инвестиција која навистина донесе додадена вредност во џебот на Анѓушев и можеби на Заев. А на сметка на тоа ги продаваат државните национални интереси на радиоемисии, лицитираат со иднината на оваа држава и така натаму. Но, ете, можеме да ја сфатиме таа странска инвестиција како успешна и тука можеме да им честитаме“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

