Македонија
Мицкоски: Мајка Тереза е нишката што ги поврзува сите што живееле на овие простори, да го следиме нејзиниот пример на хуманост и добрина
Премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 114-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза кажа дека таа претставува синоним за сè добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено им се помага на оние на кои помошта им е потребна.
„Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица Поп Кочина број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.
Мајка Тереза често велеше: „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Таа претставува синоним за сè добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено им се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа беше често именувана како светица на сиромаштијата и целиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние што умираа наулиците, на болните од лепра и од сида. Таа живееше едноставно за време на животот, а по нејзината смрт, остана синоним за доброто во светот. Мајка Тереза стана добитник на многубројни признанија и награди за исклучително хумано ангажирање во згрижувањето на најсиромашните од сиромашните поради што ја доби и Нобеловата награда за мир.
Таа почина на 5 септември 1997 година во Куќата на милосрдието, што таа ја основа во Колката. Крајот на животниот пат на еден од најголемите алтруисти на столетието ги трогна сите, најмногу оние што ги почувствувале хуманоста и бенефициите од нејзините активности – гладните, бездомниците и болните. Таа беше скопјанка што поголемиот дел од животот го помина во Индија, во земјата која е втора по бројот на жители во светот и седма по географска големина, чиј главен град е Њу Делхи. Како дом на прастарата цивилизација на индиската долина и област на историските трговски патишта и пространите империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја. Денес, Мајка Тереза му припаѓа на светот. Нејзиниот живот не познаваше граници, ниту разлики и таа обединуваше разни култури, разни луѓе и народи. Таа е и најдобриот мост на поврзување денес и во местото од кое потекнува – Скопје. Таа е нишката што ги поврзува Македонците, Албанците и сите што живееле на овие простори, но и пример кога срце полно со љубов е спремно за големи подвизи и победа над сите предрасуди и препреки. Да извлечеме поуки од оваа голема скопјанка и хуманистка, да се почитуваме едни со други, да споделуваме грижа, да им помагаме на обесправените, угнетените и сиромашните“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

