Македонија
Мицкоски: Механизацијата за чистење да биде отстапена на општините
Едно од решенијата е механизацијата да биде отстапена на општините и тие иако немаат такви ингеренции самите да може да ја одржуваат хигиената кога веќе ЈП Комунална хигиена кое е под надлежност на град Скопје тоа не може да го прави, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Бутел одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата со сметот кој настана поради град Скопје и ЈП Комунална хигиена.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе даде се од себе заедно со градоначалниците во скопските општини да се доведе хигиената на пристојно ниво.
– Она кое може ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да го направи е сите оние луѓе кои се дел од структурата, дел од општините во град Скопје да можат да дадат се од себе, доколку ги добијат основните средства да можат да ја доведат хигиената на едно ниво кое би било пристојно и ниво за кое скопјани издвојуваат големи средства од својот скромен буџет да имаат пристојни услови, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

