Македонија
Мицкоски може да се коцка со сопствената, но не и со македонската иднина, порача Битиќи
Мицкоски може да се коцка со сопствената, но не и со македонската иднина!
Ние тоа нема да му го дозволиме, порача преку социјалните мрежи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
„Тој, очигледно ја препознал подадената социјалдемократска рака и фатен во небрано пред одлуките кои мора да се донесат за нашиот европски пат, и по кој знае кој пат повторно условува. Претходно, други од надвор ни поставуваа услови. Сега, Мицкоски во име на ВМРО-ДПМНЕ им поставува услови на Владата и на македонските граѓани за да го поддржи европскиот пат на земјата. Тоа ли е патриотизам? Не, тоа е обид да се добере до власт, а после тоа да измислува нови услови и нови блокади. Затоа, ние сме внимателни, нема да му дозволиме да ни прокоцка европската шанса која му се нуди на нашиот народ“, пишува Битиќи.
Северна Македонија, како што вели, има јасна, чиста европска шанса.
„Актуелните глобални текови создадоа услови проширувањето на ЕУ со земји од Западен Балкан да биде скорешна реалност.
Тие процеси се очигледни и од збиднувањата во регионот. Наспроти сите обиди на проруските сили, Бугарија формираше политичка и проевропска Влада која негува проевропски вредности и тоа бездруго ќе се почувствува и во односите со Северна Македонија.
Немоќен да види подалеку од хоризонтите на партиските и личните интереси, Мицкоски уште вели дека покрај сите гаранции од ЕУ ќе барал и економски пакет за земјата. Не знам дали не знае или лошо глуми дека не знае дека таков нов Економски план за Западен Балкан и за Северна Македонија којшто го објави претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен на ГЛОБСЕК во Братислава“, додава во напишаното вицепремиерот.
Според него, пораките од новиот економски план се јасни: Надополнување на Уставот веднаш за економски раст веднаш бидејќи Северна Македонија во одредени области добива пристап до единствениот пазар на ЕУ од 500 милиони потрошувачи за македонските фирми што отвора дополнителни опции за нови инвестиции и производство во поголем обем.
Изолацијата, смета Битиќи, (наместо интеграцијата) ќе не оддалечи од европската поддршка Северна Македонија да биде дел од европските политики за енергетска независност и трајна стабилност. Ќе ни затвори и оддолжи пристапот до финансиските средства за големите европски транспортни патни и железнички коридори.
Сето ова, и многу повеќе, како што додава, Мицкоски може да го донесе до ризик со неговото одбивање влада на обединување, влада на интеграција. Мицкоски условува. Дали и ВМРО-ДПМНЕ условува? Има ли сила ВМРО-ДПМНЕ да се дигне над себе и да застане конечно контра условувањата односно ЗА македонската интеграција и за македонското членство во ЕУ?, прашува тој во напишаното.
„ВМРО-ДПМНЕ да си одлучи, оти нашата одлука е јасна. Нема откажување ниту алтернатива за средби и за дијалог и во институциите, во Собранието особено, кога во прашање е шансата за победа за македонските граѓани, за нашата држава“, подвлекува Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.
Македонија
Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.
„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.
Македонија
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.
Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.
„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.
Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.
„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.
Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

