Контакт

Македонија

Мицкоски: Нашата борба е младите да останат во Македонија, енергетска независност, ниски даноци и силно образование и здравство

Објавено пред

Што направивме, што денеска се случува и што е она кое што ќе го направиме во периодот кој што следи бидејќи нова генерација политичари во Македонија, нова генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврската и привилегијата е да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека сите ние можеме да одговориме на тој предизвик она како што знаеме и умееме, цврсто, храбро и мотивирано и да го одбраниме македонскиот народ, вели проф. д-р Христијан Мицкоски на денешниот Научен симпозиум 129 години ВМРО „БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски нагласи дека граѓаните очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ како наследник на организацијата да ги преземе сите чекори за обезбедување на иднина на граѓаните, и покрај тоа што на централно ниво е опозиција, потенцирајќи дека за тоа е потребен општествен договор за кој што зборувал минатата година на Конгресот.

Јас ќе зборувам за сегашноста, но и за иднина бидејќи мораме да имаме план, визија и стратегија како да стигнеме до иднината. Тоа е суштината, затоа што македонскиот народот и граѓаните во Македонија Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, сите оние кои што денеска живеат во Македонија сакаат да знаат што понатаму во иднината и каков план има ВМРО-ДПМНЕ како наследник на организацијата и кои се чекорите кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе за таа иднина, бидејќи денеска секој еден очекува од ВМРО-ДПМНЕ државничко и одговорно однесување, без разлика што на централно ниво сме опозицијата. И тоа е привилегија, но и голема одговорност, затоа што иднината е она за кое сите ние треба да се бориме. Да обезбедиме иднина на поколенијата после нас, а за тоа ни треба еден голем општествен договор за кој што зборував на последниот Конгрес минатиот декември. Велевме обединување и отворање на ВМРО-ДПМНЕ кон општествените елити, различни структури на луѓе, младите, кон оние кои што се во посериозни години, кај професорите, работниците, адвокатите, докторите, медицинските лица, кај сите оние буквално кои што во општеството се уште не го дале својот последен збор, бидејќи и таква е критиката дека некако политички партии се затворени и некако како да не дозволуваат овие силни општествени слоеви да пренесат силно општествена енергија внатре во политичките партии. А ВМРО-ДПМНЕ преку овој нов општествен договор сака таа енергија да ја ослободи и да ја обедини преку главниот столб, а тоа е ВМРО-ДПМЕН и потоа како иднина влада која што ќе го има јас сум убеден мнозинството во парламентот, таа енергија да ја ослободи во општеството, и преку таа енергија да ги донесе промените кои што им се потребни на сите граѓани, рече тој и додаде дека како дел од тој договор бил и современиот патриотизам кој што ја проектира Македонија за години па и децении од денес во различни области.

Како дел од тој општествен договор беше и оној современ патриотизам за кој што зборувавме многу во изминатиот период. Современ патриотизам кој што ја проектираше Македонија за години и децении од денес, во различни области. Современ патриотизам во борбата со криминалот и корупцијата, современиот патриотизам што подразбира за посилна и поконкурентна економија, современиот патриотизам како младите да ги за држиме во државата, современиот патриотизам сега она што е актуелно во енергетиката, здравството, современиот патриотизам на локално ниво, современиот патриотизам кој ќе значи иднина во рамките на ЕУ, современиот патриотизам кој ќе значи добри меѓучовечки и добрососедски односи, помеѓу граѓаните во Македонија а потоа и пошироко со нашите соседи.

Мицкоски изјави дека македонскиот народ може да се заштити единствено преку чесна работа и посветеност, а не со методи од 18 или 19 век, како и да не се дозволи да се повторуваат политичари како овие изминатите 5 години.

Секој оној кој што мисли дека со агресија или со методи од 18, 19 или 20тиот век ќе може да го заштити македонскиот народ се лаже и свесно манипулира со чувствата на Македонците и ги доведува до егзодус. Затоа што тоа не е планот и тоа не е начинот да се зашитит најмалиот народ на Балканот. Најмалиот народ на Балканот, Македонксиот народ можеме да го заштитиме со многу работа, со многу иновации, со чесна работа пред се, посветена и храбра и да не дозволиме да ни се повторуваат политичари кои што изминатите 5 години ни се случуваат во Македонија кои што се последица на грешките кои што во минатото и ВМРО-ДПМНЕ ги правел, кажа тој.

Мицкоски нагласи дека не се европски вредности она кое што денеска го промовираа владата на СДСМ, туку европски вредности се она кое што се промовира од ВМРО-ДПМНЕ а тоа е да се задржат младите во државата, да се развива Македонија економски силно и стабилно, да се создадеме конкурентно здравство.

Покрај знаењето ние педагозите на факултетите, но и политичарите мораме да им обезбедиме иднина и перспектива во Македонија која што ќе се темели на вистински вредности, а не на оние лажни вредности кои што денеска владата на СДСМ ги промовира преку некаква си лажна ЕУ агенда и вредност, а притоа скандалите за криминал и корупција за сето она што е поврзано за работата на владата се нижат, за катастрофата во образованието, за пациенти кои што не добиваат здравствена грижа и умираат во ходниците, тоа не се ЕУ вредности во кои што ние веруваме и тоа не се европските вредности кои што ние треба да ги промовираме како политичари. И затоа кога велам дека одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ е голема, мислам на овие вистинските европски вредности, да ги задржиме младите тука, да ја развиеме државата економски и силно затоа што имаме план, имаме методологија, да направиме здравство кое што ќе биде конкурентно, а не да денеска докторите да ги полнат клиниките и здравствените установи по Америка, Канада и Австралија, да ги задржиме луѓето со знаење и вештини дома и тука да ја развиваме Македонија и ова нема етнички предзнак, туку има предзнак кој го дефинира македонизмот во кои што сите се опфатени, додаде тој.

Мицкоски, додаде дека основен столб на политиките на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ е стимулирање на образовниот кадар, капитални проекти и силна економија.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото зборуваше за колективен договор, кој што денеска гледаме оваа влада сака да го избрише и на некој насилен начин го поништи сето она кое што со децении е создавано. ВМРО-ДПМНЕ има поинаков пристап. ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе го зајакне и ќе го примени тој Колективен договор во образованието со што ќе обезбеди силна мотивација за наставно образовниот процес, тоа се повеќе од 30 илјади наши сограѓани кои што го заслужуваат тој колективен договор. Тој колективен договор значи достоинствени месечни примања да грижата за егзистенција на нашите образовни работници не биде примарна, туку да биде секундарна. Примарна да биде пренесувањето на знаењето и едукацијата и би рекол образованието. За тоа се потребни 150 милиони евра годишно, за да се примени овој колективен договор и идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да ги одвои овие 150 милиони евра, дециден е тој.

Тоа ќе биде основниот столб во политиките на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, стимулирање на образовниот кадар. Повеќе од 30 илјади вработени во градинките, основното и средното образование и високото образование да го добијат она кое што им следува и кое што го заслужуваат, само со една цел да образуваат луѓе кои што во иднина ќе останат тука во Македонија и нема да ја напуштаат, кажа Мицкоски.

Втора работа за која што сакам да зборувам, е како ќе ги трошиме вашите пари кои се собираат во буџетот. Денеска имате на хартија половина милијарда евра ставка за капитални инвестиции, тоа се повеќе 35 милијарди денари ставка за капитални инвестиции. Ако анализирате секоја година наназад ќе видите дека структурата на тие инвестиции не е ГРИНФИЛД инвестиција, односно инвестиција која ќе почне од темели а ќе заврши со покрив, туку тоа се претежно услуги кои што се квалификувани како капитални инвестиции, а услугите е најлесно да ги употребите во криминал и корупција. Затоа ние велиме вака, половина од тие пари ќе завршат со еден робусен и амбициозен чекор а тоа е назад во општините. Повеќе од 15 милијарди денари годишно преку една децентрализација ќе завршат назад во општините во проекти кои што се значајни за општините. Ако просечно еден проект чини 30 милиони денари, тоа се повеќе од 500тини проекти годишно, во еден четиригодишен мандат тоа се 2000 проекти, дециден е Мицкоски.

Вториот дел од капитални инвестиции за реални проекти да се заврши конечно автопатот од Кичево до Охрид, и отпочнување на нови делници на автопатско решение тоа е Гостивар – Кичево, Скопје Велес, Прилеп – Битола Меџитлија, тоа се два крупни проекта кои што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја реализира. Потребно е пруга до Бугарија да се заврши тој проект кој е почнат од 90тите години и конечно да можеме да имаме втора алтернатива со кои што ќе се поевтинат транспортните трошоци, вели Мицкоски.

Потребен ни е енергетски објект, потребен ни е Чебрен, ама сами да го градиме, а не да го дадеме мираз Тиквеш па нашиот Тиквеш некому да му го изгради Чебрен. Туку сами да си го градиме и тоа се трите капитални проекти, ако ги засукаме ракавите, а имаме доволно волја, идната влада на ВМРО-ДПМЕН може да ги сработи и ќе ги сработи, кажа Мицкоски.

За бизнис секторот Мицкоски истакна дека е потребно јасна предвидливост во даночната политика, намалување на данокот од 10 на 8 проценти, како и намалување на сивата економија преку вонредни инспекциски надзори во сите компании.

За бизнисот предвидливост во даночната политика, да не ни се случува при секој промена на министер во министерството да имаме осцилации во делот на даночната политика. Значи јасна предвидливост во следниот период. Веднаш откако ќе биде формирана новата влада на ВМРО-ДПМЕН стапката на данок се намали од 10 на 8 проценти, но истовремено зајакнување на инспекциските служби со правници и економисти кои што ќе ја намалат сивата економија во Македонија, со тоа што ќе прават вонредни инспекциски компании, изјави тој.

Еден универзитет во првите 1000 илјади според Шангајската ранг листа, иако рековме на минатиот Конгрес во првите 500, бидејќи според ова цунами кое што ни го донесе оваа влада немаме ниту во првите 3000. И затоа е многу важно да имаме барем еден универзитет во првите 1000 според Шангајската листа која што сме дел од образованието ја сметаме како репер таа ранг листа, додаде Мицкоски.

Здравството е во катастрофална состојба затоа што компании регистрирани за трговија со јужно овошје требаше да ги обезбедат провизиите од вакцините регистрирани во Хонг Конг. Затоа што наместо навистина да изградиме Клинички центар како што треба да брка и договараа провизии. Затоа што денеска имате организирана пљачка по клиниките, затоа што денеска имате демотивиран медицински персонал и кадар и одлучува да ја напушти Македонија бидејќи ги нема елементарните услови за работа. Тоа не е начин на кој што се сака народот на Македонија. И тоа треба да го смениме и ќе го смениме, вели Мицкоски.

Во однос на актуелната енергетска криза, претседателот Мицкоски рече дека Македонија е енергетски уништена бидејќи наместо да извезува електрична енергија и да се ставаат производните капацитети во функција, тие ги крадат. И додаде дека со чесна работа и многу посветеност може да се постигне сето ова, додавајќи дека потребно е многу работа и време да се поправи сето ова кое што изминатите 5 години е уништено и девастирано од страна на владата на СДСМ.

Актуелна е енергетиката, затоа што изминатите 5 години буквално ја уништија, затоа што производните капацитети ги гледаат за крадење и богатење. Тоа е проблемот кај овие луѓе. Затоа што не разбираат дека само енергетски суверена држава, па макар и во струја е навистина суверена држава. Ќе кажам една анегдота која што ми ја кажаа повозрасни и поискусни од мене, а вели во 90тите години кога Македонија ја добиваше својата независност еден во тоа време многу сериозен и искусен политичар го прашале сериозни дипломати немате нафта, немате море, немате гас, па како планирате да бидете независна држава? А тој одговорил го имаме РЕК Битола и РЕК Битола не прави нас енергетски независни и навистина така беше додека овие обоени револуционери кои што ни ветуваа живот не дојдеа таму каде што се денес. И ние денеска преку тие модернизирани, обновени со ресурси за следните 5, 10 години производни капацитети да произведуваме и да извезуваме ние денеска мака мачиме како да ги обезбедиме елементарните услови овие да функционираат. Тоа не е патриотизам, изјави Мицкоски.

Да не ни се случува една гајба јаболка да чини поевтино од гајбата. Да не ни се случува пола род на лозарите да остане на лозјата необрани. Да не ни се случува земјоделците да протестираат затоа што континуирано ги лажат. Се сеќавате дека им ветуваа сигурен откуп, сигурни цени, ветуваа живот, а им донесоа пепел. Планот на ВМРО-ДПМНЕ во делот на земјоделието е да имаме сигурен и стабилен откуп и навремена исплата на субвенциите и субвенции за стратешко производство. Е тоа е современиот патриотизам, посочи тој.

Во однос на надворешната политика Мицкоски нагласи дека влада на СДСМ потпишала документ со кој потврдува дека македонизмот до 45тата година е поврзан со бугарскиот идентитет, криејќи се под превезот на европската иднина.

Според нашиот источен сосед македонизомот до таа 45 година е ексклузивно поврзан со бугарскиот идентитет. И тоа некој го потпиша под превезот на европската иднина. Но, каде е европската иднина? Каде е бесплатното здравство, квалитетното образование, инвестициите, потенцираше тој.

Но, од сето тоа имаме само дополнителни услови. Но, треба да разговараме. Ние сме луѓе имаме одговорност и мораме да разговараме за се, лице во лице, зошто така се бори и се брани Македонија, но и дома. Со два статуси не се брани Македонија, треба да се зборува лице во лице, и во Берлин, и во Париз, и во Брисел, но и тука кога ќе дојдат во Скопје, и таму се кажуваат аргументите. И затоа велам јас треба да се разговара. Денеска имаме два нови моменти кои ја оптоваруваат нашата европска иднина, членството во ЕУ. Првиот е условот за Уставот и промената на Преамбулата и вториот од пред некој ден барање за бришење на бројката и процентот со кој ќе се детерминира јазикот на Албанскиот народ. Ајде и за тоа да зборуваме. Јас сум подготвен за се да зборувам. Ајде аргументите да ги ставиме на маса. Ако ја смениме Преамбулата ќе бидеме ли во 2030година членка на ЕУ, ќе потпише ли некој дека ќе бидеме членка како што ни ветуваат, ќе донесе ли Европскиот парламент заклучок и резолуција со кој се признава посебноста на македонскиот јазик, праша Мицкоски.

Ајде да зборуваме дека нема никој понатаму поради билатерални прашања да ни става вето. Каде се гаранциите? Кој е тој што може да ни гарантира па да бара од нас дополнителни отстапки. Јас сум подготвен за се да зборувам но сакам овој пат да видам гаранции, доста губеше овој народ од својот идентитет, време е нешто да добие, смета Мицкоски.

Дополнителен услов добивме од политичари кои велат, ние тоа ќе го поддржиме, но имаме наш услов. Ајде и за тоа сум подготвен да зборувам, дали тоа ќе значи поголемо право на некоја индивидуа да се изрази, дали тоа ќе значи поквалитетно изразување, или побогата средина, побогати граѓани? Но, затоа првата реакција од таму беше дводомен парламент. Значи дојдовме со суштината, а тоа е бинационална држава, подоцна федерација. Тоа ли е суштината, бидете искрени и кажете, а кое тоа суштината тогаш јас ќе ви дадам одговор, со Рамковниот договор тој процент беше ставен да се потцрта мултинационалниот карактер на нашата заедничка Македонија, затоа што во оваа држава не живеат само Македонци и Албанци, туку и Роми, Власи, Срби, Бошњаци, сакаат ли тие во бинационална федерализирана држава да живеат ги прашал ли некој тие луѓе? Тоа ли е целта да се наруши унитарниот карактер на Македонија епа еве јас ќе ви дадам одговор, унитарниот карактер на Македонија е линијата која што ќе ја браниме, а ќе ја браниме со живот и туку нема назад, дециден е Мицкоски.

На крај претседателот Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ има коалициски и државотворен потенцијал, и секој кој што сака да има ваква држава е добредојден и тука нема како што рече тој национална или верска припадност, упатувајќи порака дека е потребно семакедонско обединување односно како што потенцираше тоа го бара македонскиот народ и македонската дијаспора.

Отворени се вратите за секому, па дури и на оние кои што се од спротивната страна. Ги отвораме вратите придружете ни се. Затоа ја користам оваа прилика да упатам порака и до нашиот политички противник СДСМ и да ги повикам на семакедонско обединување за овие прашања. Подготвен сум да разговарам лице во лице со Димитар Ковачевски, со секој еден од нив за семакедонско обединување, во Македонија и надвор од Македонија. Затоа што тоа го бара од нас македонскиот народ во Македонија и македонската дијаспора секаде во Светот, да ги исцртаме македонските црвени линии и од тие линии да не смееме да се поместиме, порача Мицкоски.

Македонија

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Објавено пред

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.

dobivaj vesti na viber

ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.

Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417,  Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.

 

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески  на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).

– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција

Објавено пред

Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.

Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.

Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.

Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.

Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.

„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.

Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.

Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 часа

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 часа

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија4 часа

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ21 час

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија23 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија1 ден

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија1 ден

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија1 ден

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија1 ден

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија1 ден

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија1 ден

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет2 дена

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...