Македонија
Мицкоски: Нашата Влада во преговорите за името е неколку чекори зад грчката
Од 27 јануари немаме добиено конкретни информации во врска со преговорите што се водат меѓу Македонија и Грција, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на конференцијата организирана од институтот „Ифимес“ во Љубљана. Оттука, додаде тој, нашата перцепција е изградена врз основа на информации од медиумите.
Според него, веќе подолг период Република Македонија е страната што ги дава сите отстапки, а ништо не добива за возврат. „За жал, сè повеќе изгледа како нашата Влада да е неколку чекори зад грчката и го води процесот на преговори реактивно наместо активно“, рече Мицкоски.
Според него, Владата на Република Македонија мора да најде решение што ќе вклучи заштитни механизми со кои принципите и одредбите на каков било договор не би можеле да биде игнорирани поради субјективни политички причини или потреби од грчка страна.
„Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и ЕУ. Од наша перспектива, НАТО е клучна алка за современата евро-атлантска архитектура, а ЕУ е најсилна движечка сила за демократски, економски и социјален развој на европскиот континент. ВМРО-ДПМНЕ, како и граѓаните на Република Македонија, се свесни дека стратешките приоритети – членството во НАТО и ЕУ – може да се остварат преку имплементација на национални реформи, развој на регионална соработка и оддржување добрососедски односи, како и континуиран придонес на регионалната и евро-атлантската безбедност и стабилност“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Автомобили заглавија во снег на патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно – „Непроодно е, по трасата не е фрлена сол“
Патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно во моментов не е безбеден за движење со моторно возило и се апелира да не се користи поради голомразица.
Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, но за жал досега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот“, велат од ЦУК.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување со возило е на ризик на возачот, се додава.
Според информациите од ЦУК, во моментов едно возило останало заглавено во снегот. Од ЈП Македонијапат велат дека овој пат е од четврта категорија на приоритет, а сега немаат машини за интервенција бидејќи тие се на патот Кичево-Охрид како и на Попова Шапка. Утре од 9 до 10 часот ќе има испратено машина и ќе се интервенира.
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
(Видео) Честитка на Филипче за Водици: Во духот на солидарноста да го унапредуваме општеството
Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име на сите православни верници им го честитам денешниот христијански празник Богојавление – Водици, порача претседателот на опозициската партија, Венко Филипче.
„Му честитам на момчето Мартин Гоџовски, од населбата Варош ,којшто денеска го фати крстот.
Посакувам здравје, среќа, успех оваа година. Исто така и на сите коишто денеска скокнаа во ладните води на Охридското езеро по крстот. Тоа е знак дека имаат многу голема ментална и физичка сила.
Овие празници секогаш треба да не потсетуваат да во име на солидарноста, работиме заедно, го унапредуваме општеството и создаваме подобри, еднакви можности за сите без дискриминација на ниту еден човек“, порача Филипче.